Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Според анализите, омикрон навистина е „поблаг сој“ и во комбинација со вакцинација може да значи крај на пандемијата

0
By Ivana on January 31, 2022 СВЕТ
Фото: theguardian.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Бројот на починати во Европа во однос на оној на заразените, навестува дека омикрон е навистина „поблаг сој“.

И покрај зголемениот број новозаразени во светот со појавата на омикрон, варијанта на коронавирусот, неделните извештаи за смртни случаи се релативно „стабилни“ и не покажуваат значаен скок од октомври минатата година, пренесува Кликс.

Иако според досегашните показатели, омикрон предизвикува помалку тешка форма на болеста од, на пример, делта сојот, тој сепак останува опасен вирус, особено за оние кои не се вакцинирани.

Според податоците на Worldometer, бројот на смртни случаи во земјите кои бележат најголем  број новозаразени, стагнира или е во благ пад, додека бројот на хоспитализирани и понатаму е доста висок, но според податоците на Светската здравствена организација, не претставува закана по целокупниот здравствен систем.

Причината за намалена смртност и општата поблага клиничка слика кај заразените со омикрон, не треба да се препише само на тоа дека станува збор за „поблаг“ сој, туку и на многу поголемиот број вакцинирани, отколку што имаше во периодот на делта сојот.

Така, на пример во Германија, која е една од најтешко погодените земји во ЕУ со омикрон, бројот на заразени во јануари доживеа вртоглав раст и изнесуваше стотици илјади на дневна база, додека бројот на починати беше значително понизок, отколку во периодот март минатата година, кога во земјата имаше и до 10 пати помалку новозаразени.

Уште подобра е ситуацијата во Велика Британија, која има висок степен на вакцинација. Бројот на новозаразени на дневна база надмина и 200 илјади, а бројот на починати во целиот тој период остана, во најлош случај, троцифрен.

Во Франција, која има едни од најригорозните Ковид рестрикции во светот, ситуацијата е исто така ветувачка. Во оваа земја, бројот на дневно позитивни тестови на коронавирус, достигнуваше и вртоглави пола милион во текот на месец јануари. Истовремено, бројот на починати не надминуваше 500 дневно.

Според состојбите во останатите европски држави, евидентно е дека односот на бројот на новозаразени и починати е речиси ист во скоро сите земји.

Сето ова, заедно со тврдењата на водечки светски експерти, покажува дека сојот омикрон може да значи крај на пандемијата од коронавирусот, барем во форма во која нас ни беше позната изминатите две години.

Истовремено, експертите предупредуваат дека ова не значи оти треба да се опуштиме. Епидемиолози тврдат дека вакцинацијата со било која вакцина, е единствена заштита од сериозни последици, кои со себе ги носи инфекцијата со коронавирус.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.