Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спорен ли е мандатот на Народниот правобранител?

0
By Сашка Цветковска on January 25, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Активистите за човекови права бараат оставка од народниот правобранител, Иџет Мемети поради, како што велат, премолчувањето на инцидентите во Собранието, додека правобранителот тврди дека немал мандат да ги испитува одлуките на законодавниот дом. Тие во писмото прашуваат зошто не превземал ништо и на денот на најцрните случувања во историјата на земјата наместо да реагира, учествувал на седницата за негов реизбор како ништо да не се случило. Мемети за Нова изјавува дека тој не се чувстувал одговорен. Не било на него да одлучува кој ден ќе го бирале. Тврди дека реакција за новинарите имало, но за исфрлањето на пратениците не бил надлежен.

„Јас веќе постапив, тоа е одлука на претседателот за обезбедување на услови над која јас немам надлежност.

За полицијата зборуваме, не за одлуките на собранието?
„Полицијата постапила по одлука на претседател на Собрание и никаде во свет омбудсманите немаат надлежност над одлуките на претседателите на Собраниеот. Замислете почитувана госпоѓо новинарко, омбудсманот на Шведска каде што е родена оваа институција да отвори постапка за претседател на парламентот на Шведска.”, вели Мемети за Нова.

Уранија Пировска, извршен директор на канцеларијата на Хелсиншкиот комитет и еден од потписниците на писмото на активистите, вели дека и покрај тоа што Мемети не може да се брани дека испитувањето на работата на Собранието не е негова работа бидејќи ова е случај за испитување на постапките на полицијата.

„Тој ќе рече, знаете, јас не сум надлежен да посташувам кога станува збор за Собранието на РМ, меѓутоа да не заборавиме дека насилството таму го вршеа претставници на Министерството за внатрешни работи. Значи господинот Мемети директно има надлежност да испитува дали имало прекумерна употреба на сила”, вели Пировска.

Разочарувањето од постапките на правобранителот го дели и Џабир Дерала, уште еден од активистите потпишани на отвореното писмо до правобранителот.

Имајќи ја во предвид претходната работа на господинот Мемети која претставувалШЕ сериозен, храбар настап во одбрана на човековите права и граѓаните, сметам дека ова е сериозно отклонување од неговиот претходен курс и мислам дека треба час поскоро да го корегира тоа и мислам дека оставката ќе биде најзгодното нешто за да можеме некако да се обидеме да го помниме по доброто што го направил и да го простиме ова што го направи”, вели Дерала.

Снимените разговори со Иџет Мемети, Уранија Пировска и Џабир Дирала можете да ги погледнете во целост во видеото.

Интегралната верзија на писмото прочитајте ја тука.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.