Една од највилјателните рок-песни во историјата на музиката, “Like A Rolling Stone” на Боб Дилан, ќе добие видео-запис, речиси половина век откако беше создадена.
Интерактивното видео премиерно ќе биде прикажано денес на т сајтот на Дилан, по повод објавувањето на The Complete Album Collection Volume 1.
Песната се појави во 1965 година, а спотот ќе му овозможи на гледачите да бираат помеѓу 16те приказни за однесувањето на телевизиските канали.
Глумците и водителите на тие канали ќе ги пеат зборовите од песните, а гледачот ќе може да се движи од еден до друг без проблем, пишува „Асошиејтед Прес“.