Канадската полиција уапси двајца осомничени кои имале намера да организираат терористички напад на патнички воз кој се обраќа на линијата Торонто – Њу Јорк. Јавуваат дека зад обидот стои Ал-Каеда.
Според извори во полицијата, канадските медиуми јавуваат дека се успасени најмалку двајца, но најверојатно нивниот конечен број ќе биде многу поголем.
Ројтерс јавува дека уапсените немаат никаква врска со терористичкиот напад на Бостонскиот маратон но, во истрагата учествувале и агенти на FBI.
Канадската полиција на прес-конференција соопшти дека позади разоткриениот напад стои Ал-Каеда.