НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спринт или маратон: Скопје очекува брз старт на преговорите со ЕУ, Брисел има волја, но не ветува датум

0
By Sashko on March 15, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Скопје очекува час поскоро да се определи датум за одржување на првата меѓувладина конференција со Северна Македонија и почеток на пристапните преговори со Европската Унија (ЕУ). Тоа е од геостратешки интерес за ЕУ, имајќи ги предвид околностите предизвикани од руската инвазија на Украина. Брисел уверува дека волја има, дека прави сè што може за почеток на преговорите со Северна Македонија и со Албанија, но не може да вети датум.

Високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ и потпреседател на Европската комисија, Жосеп Борел вчера изјави дека има волја, а следствено на тоа, има и начин, но, како што кажа, не може да вети датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ.

„Мислам дека моментот е сега, постојано комуницираме и проценуваме дека земјата е подготвена да започне преговори за пристапување. Не можам да ветам, но можам да уверам дека правиме сè што можеме пристапните преговори со Албанија и Северна Македонија да започнат на следната меѓувладина конференција“, рече Борел.

Борел вчера од Скопје порача дека ова е момент за будење на Европа да почнат формалните преговори со Северна Македонија и Албанија и посочи оти се надева дека тоа ќе биде можно на следната меѓувладина конференција. Тој истакна дека Севера Македонија и целиот регион се стратешки приоритет и ЕУ е посветена европската перспектива за овие земји да ја направи реалност.

Според него, билатералните прашања не смеат веќе да загрозуваат никаков процес на пристапување, дури ни, како што рече, ако се засновани на етничко-лингвистички согледувања. Додаде дека го разбира разочарувањето што многумина го чувствуваат во Северна Македонија.

„Постојано оценуваме дека земјата е подготвена за почеток на разговорите за пристапување и тоа не е реторичка изјава, тоа е цврста проценка и заложба и изјава за намера“, рече високиот претставник на ЕУ, Борел.

Борел го поздрави новиот импулс меѓу Северна Македонија и Бугарија, подвлекувајќи дека ги поттикнува двете страни да најдат заемно прифатливи решенија и да ги разрешат билатералните прашања зашто „проширувањето не може да продолжи ако е попречено од билатерални прашања“. Според него, позитивната работа е дека сега меѓу двете влади и двајцата премиери има многу поцврста волја да се постигне решение. Најави дека ќе продолжат да разговараат со Бугарија, сè додека не се реши ова прашање.

Паралелно, смета тој, реформите на Северна Македонија во владеењето на правото, борбата против корупцијата, дигиталната трансформнација и зелената агенда ќе овозможат брз прогрес кон преговорите.

Премиерот Димитар Ковачевски, на заедничката прес-конференција со Борел, апелираше до сите земји членки на ЕУ час поскоро да се определи датум за одржување на првата меѓувладина конференција со Северна Македонија.

На новинарско прашање дали на средбата со Борел побарале европска интервенција за конкретни чекори, односно датум за почеток на преговори во јуни, Ковачевски одговори дека за датуми не се врзува, туку за остварување на цели што треба да се направат.

„Да се дојде до решение кое прво ќе биде прифатливо за двете страни. Решенијата треба да бидат во духот на европските вредности, треба да се базираат и на задржување на достоинството на двата народа и двете држави и одлуката треба да биде прифатена и донесена од страна на сите земји члники на ЕУ“, појасни меѓу другото Ковачевски.

Премиерот рече дека има редовна комуникација и со бугарскиот колега Кирил Петков и на ниво на ресорни министерства. Потсети дека министерствата за надворешни работи на двете држави работат на политичките прашања и имаат редовна комуникација на ниво на експерти.

„Во моментот кога ќе имаме заедничко прифатливо решение, кое ќе се заснова на европските вредности, ќе се заснова на ставовите кои ги отсликуваат позициите на нашата држава декларирани во Собранието, тогаш тоа заедничко постигнато решение ќе биде споделено“, изјави Ковачевски.

Според него, сегашната состојба на статус-кво никому не оди во прилог.

„Блокадата на пристапните преговори за земјава се чувствува во целиот регион. Неопходно е Северна Македонија да има силна и јасна европска перспектива“, рече Ковачевски, додавајќи дека единствено целосно обединета, Европа може да биде силна.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.