НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спротивни изјави на докторите и директорот во болницата во Велес

0
By Менче Атанасова Точи on October 17, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Дел од петмината лекари кои беа подготвени да понудат колективен отказ поради лошите услови за работа и како што велат, самоволието во директорувањето на Атанас Василев, за да не заминат од Болницата, добиле понуди од Министерството за здравство да заминат на обука во Турција еден месец, а на сметка на тоа, да потпишат договор во наредните три години дека нема да го напуштат јавното здравство.

Еден од овие доктори, Димитар Стровјаноски, воедно еден од револтираните лекари за лошата состојба во болницата и за самоволието на директорот Василев, за НОВА тврди дека ваквата понуда за обука во Турција е непристоен предлог за да ги замолчат лекарите и да ја смират ситуацијата во болницата.

Двајцата ортопеди што им било понудено во Турција, наводно се уште не го потпишале понудениот договор од страна на Министерството за здравство .

Стровајоски вели дека после ова ситуацијата е статус кво, не се сретнал со директорот и воедно не очекува негативни последици по него затоа што јавно проговори за сите проблеми во Болницата, бидејќи, како што вели, неговата намера била дамо да се средат работите во Велешката болница.

-Не очекувам реперкуси, ја алармирам јавноста за да се подобрат условите за работа во болницата, изјави за НОВА Стровјаноски.

Стровјаноски и неговите колеги со колективниот чин на понудените откази се обидоа да го свртат вниманието на јавноста, особено на Министерството за здравство.

Тврдат дека незадоволството се должи најмногу на тоа што ја немаат неопходната апаратура за да работат со пациентите, бидејќи постоечката е целосно истрошена, амортизирана и воопшто не фунционира.

Стровјаноски пред неколку дена за НОВА изјави дека во Болницата во Велес се случуваат алармантни состојби кои се на штета и на лекарите и на пациентите.

-Еден од примерите е затворањето на операционата сала за Уво, нос и грло, која беше донација од Норвешката влада и во просторија со одлука на директорот се сместила администрацијата.

Сега секторите Очно и Ушно се наоѓаат во иста оперцаиона сала, а за поголеми зафати ја користиме салата на хирургија. Замислете какви последици може да има тоа за пациентите, недопустиво е различни инструменти да стојат на исто место во една сала, изјави за НОВА минатата недела Стровјаноски.

Тој во јавноста стана познат откако прати отворено писмо до министерот Тодоров, кое го објави на Фејсбук, во кое му порача дека не е подготвен да се построи во неговиот строј.

Од друга страна, директорот на Болницата во Велес, Атанас Василев, тврди дека ситуацијата не е таква како што се прикажува:

-Проблеми има како и секаде, но се работи на тоа да се подобри ситуацијата. Сметам дека лекарите треба да бидат повеќе достапни до пациентите, да се воведе работа во смени, а не да ординираат само еден ден во недела. Затоа им се натрупуваат многу прегледи одеднаш и не можат повеќе време да им се посветат на пациентите, изјави денеска за НОВА директорот Василев.

Тој нагласи дека е добро двајцата ортопеди да заминат на едномесецчна обука во Турција , за да се избегне можноста пациентите на кои им е потребна операција на колк да се праќаат во Скопје, во Клинички центар.

Инаку, во Велес се случува масовен одлив на медицински кадар во западно- европските земји, Германија, Австрија, а сега најновите податоци говорат и за нивно преселување во Данска. Само во последната година, на работа во некоја од овие земји заминале 16-17 лекари од овој град.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.