Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Срамот на Иванов: Од браќа земјаци и мили комшии, до мртов Шиптар

0
By Биљана Секуловска on August 4, 2018 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Срамот на Мечкин камен, на пославата на двата Илиндена, му припаѓа на претседателот Иванов, со неговиот хушкачки говор, потпалувачки говор кој охрабрува поделби, раздор, поттикнува говор на омраза, насилство. Говор на срам.

Срамот на Мечкин камен, им припаѓа на групата насилници, кои со говорот на Иванов се разбудија во омраза, гнев, крволочност.

Тој говор на Иванов им ја пружи  темнината на фашизмот, самиот претседател им подаде рака, им посла пригодна почва, ги раздразни и ги зовре главите на неговите идеолошки синови. Им ги фрли пред нозете сите аргументи дека е дозволено, пожелно да се сеат националистички, шовинистички пароли, да се каменуваат владините претставници, странските амбасадори и дипломати.

Срамот на Мечкин камен е на претседателот Иванов, кој во својот говор повика на раскол, наместо на обединување, сплотеност на различностите, на народите, на идеите, да ги пригрне, обедини сите, особено понижените, навредуваните, осакатуваните со омраза со децении.

Тоа е дивјачкиот поход кој со децении трае и сега се применува, премолчува, и со тоа одобрува, охрабрува и посакува- разулавените, искривоколчените, изобличените од омраза кои никогаш не беа казнети за повиците- “Шиптарите во комори”, “мртвите Шиптари”, “Добар Шиптар е само мртов Шиптар”,  за што насилниците мора да одговараат за говорот на омраза, и затоа Иванов ним, особено ним, на насилниците, мораше да им објасни во својот говор дека залудно не бил пишуван тој Крушевски манифест, јалови не  биле идеите за во кои се повикуваат “браќата земјаци и милите комшии”.

Тој Манифест повикува на прегрнување на браќата кои не биле и не се чувствувале како Македонци, и во исто време повикува  Иванов да ја согледа важноста од  апелите во Манифестот за борба против “зулумите, безбројните деребеи, бесчестието”- сето она што се случуваше сите овие децении пред негови очи, и сега повторно, тој го потпали и на Мечкин камен, овојпат, палејќи ги со гнев и омраза пред нивни очи поддржувачите на Договорот со Грција за името.

Срамот му припаѓа на Иванов, затоа што во својот говор тој не се огледа на апелот на Манифестот, за слободата која не е можна без братство, тој не повика на сплотеност, заедништво, пријателство на оние кои можеби имаат други идеи, знаат за други патишта, други соништа за иднината.

Во другоста сме исти, Иванов тоа не го кажа- исти сме, што ако не сме сите Македонци по крв, убедување, чувство, но сите сме “чесни и добри македонски синој”, тој не кажа дека само така може да бидеме “афтономна Македонија”, а таква може да бидеме тогаш кога различностите и поинаквоста се во идејата за братството за кое Манифестот беседи.

Ништо од ова Иванов не кажа, ниту пак некогаш сме го чуле да изусти- затоа, срамот на Мечкин камен е негов,  децениски- тој на својот грб сите овие години го носи тој камен кој му натежнал, го притиснал и згмечил. Но, тој со својот камен продолжува да оди по тој пат полн со омраза кон другите, затоа што самиот и го доделил на судбината тој камен и таа слепо го следи, кутрата таа судбина со него.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025
ФОКУС

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

ВЕСТИ October 7, 2025

По убиството на судијата во Албанија, кого еден обвинет вчера го застрела во срце во…

Трамп: САД ќе продаваат ракети „Томахавк“ на НАТО – дел ќе завршат во Украина

October 7, 2025

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

October 6, 2025

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025
ТИКЕР

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.