Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Срамота во Санкт Петербург

0
By Нова ТВ on March 26, 2015 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Русија активно се подготвува за одбележување на 70-годишнината од победата над нацистичката Германија. Сред активностите кои се временски усогласени со овој значаен датум, а поинаку тоа не може да се објасни, се одржа на 22 март во Санкт Петербург таканаречениот “Меѓународен руски конзервативен форум”, со учество на претставници на партии и организации од низа европски земји и Русија кои имаат сомнителна репутација, а исто така и на омразени политички дејци.

Организатори на тој собир беа претставниците на прокремаљската партија “Родина”, која е ултрадесничарско крило на владејачката партија “Единствена Русија”.

Претставникот на “Родина” Федор Бирјуков изјави за електронското издание на “Газета.Ру” за тоа дека во форумот не гледа ништо гнасно.

Според неговите зборови, како вистински нацисти се јавуваат силите кои ја презедоа власта во Киев, а исто така и организациите во Европа и САД, што ги поддржуваат:

„А ние поканивме кај себе здрави патриотски конзервативни сили, на кои не им се допаѓа американското мешање во европските работи. Тие ја поддржуваат руската хуманитарна мисија на југоистокот на Украина“.

Размерите на последиците од таа “хуманитарна мисија” добро е позната на целиот свет – има милион само внатрешни бегалци, повеќе од 6 илјади мртви, губење на 20% од индустрискиот потенцијал на Украина и т.н.

А кој ги претставуваше споменатите “здрави патриотски конзервативни сили?”

Златна зора (Грција), Национал-демократска партија (Германија), Атака (Бугарија), Лига на Ломбардија (Италија), Нова сила (Италија), Британска национална партија, Национална демократија (Шпанија), Партија на швеѓаните и т.н.


Пишува: Јуриј Олексијович Гончарук, Амбасадор на Украина во Македонија

Златната зора и Атака немаат потреба од дополнителни карактеристики. НДП е една од најпознатите ултрадесничарски партии во Европа.

Два пати власта се обидуваше да ја забрани. Едно од клучните барања на оваа партија беше обновување на Германија во границите од 1937 година. Не е чудно, што НДП ја поздрави анексијата на Крим.

Еден од нејзините лидери, У. Фојгт, којшто настапуваше во Санкт Петербург, во декември 2007 год. даде интервју за иранската телевизија, во кое тврдеше дека жртви на Холокаустот беа не 6 милиони, туку 340 илјади, а во 2010 год. изјави дека неговата партија “се поклонува пред храбрите војници на вермахтот: копнените сили, луфтваффе и морнарицата и ваффен-сс, кои до последниот ден ја извршуваа својата обврска”.

За него пред три години пишуваше официјалната “Руска газета” “Неонацист осуден од берлинскиот суд. Удо Фојгт конечно го доби заслуженото”.

Нацистите не успеаја да влезат во опколениот Ленинград. По 70 години тоа го направи нивниот идеен потомок со љубезна поддршка на локалните власти.

Не помалку омразена е и “Национална демократија”, која во 2008 година поднесе тужба за уредникот на едно од шпанските изданија кој ги нарече нејзините членови “нацисти”. Судот го поддржа изданието.

“Партијата на швеѓаните” која порано се нарекуваше “национал-социјалистичка”, се наоѓа под контрола на тамошната полиција за безбедност како водач на идеи на национал-социјализмот.

Уште еден “вип-оратор” на конзервативниот форум беше постојаниот лидер и основач на ултрадесничарската италијанска “Нова сила” Р. Фиоре, кој се поствува себе си како “фашист”.

Претставник на конзервативниот првец во неофашизмот, тој е поддржувач на В. Путин.

Впрочем, други поддржувачи во Санкт Петербург и не можеше да има.

Според тоa, со цел на “промовирање на интересите на Русија и во обид за укинување на санкциите” организаторите на манифестацијата, кои фактички ги поддржaа Кремљ, не се згнасија да ги земат во редиците на своите “европски сојузници” десничарските национал-конзервативни сили со отворена нацистичка ориентација.

Нивното присуство на полиената со крв на вистинските патриоти, вклучувјќи ги и Украинците, земја на опколениот Ленинград – Санкт Петербург воочи одбележувањето на 70-годишнината од Победата над нацизмот, предизвика незадоволство на јавноста, некои политички партии и невладини организации на Русија; но сепак протестите во самиот град, коишто брзо ги разбрка полицијата, беа малубројни.

Учесниците на тој таканаречен форум на евронацистите не ја одминаа со своето внимание и Украина, уште еднаш со користење на отворено лажни и историски неосновани формулации, ставајќи го под сомнеж суверенитетот и територијалниот интегритет на нашта земја, повикувајќи на разгоревање на национална нетрпеливост и непријателство.

Можат да речат дека тој собир на европските маргиналци на ништо не влијае.

Можеби е така.

Сепак, треба да се замислите над тоа зошто една земја, која се смета за наследник на Големата победа, дозволува да се прават на нејзина територија такви собири, зошто тоа не предизвика бура од гнев во општеството кое скоро недвосмислено го поддржува Претседателот на РФ во неговата измислена “праведна” борба со “нацистите кои ја презедоа власта во Украина?”

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.