Во акцијата за сузбивање на злоупотреба на постапката на увоз и царинење на стока, денеска се уапсени 15 лица, од кои 13 цариници, јавува Блиц.
Акцијата се спроведува во соработка на обвинителството за организиран криминал и Царинската управа.
Како што дознава Блиц, цариниците се сомничат за злоупотреба на положбата при што го оштетиле буџетот на Србија за околу 250 милиони динари.
Полициската акција е во тек.