Српската влада едногласно на вонредна седница го отфрли понуденото решение за Косово и предложи итно продолжување на дијалогот со Приштина, под посредство на ЕУ.
Одговор од Унијата се уште нема.
„Владата на Србија не може да ги прифати предложените начела кои усно му биле предочени на преговарачкиот тим во Белград, затоа што не гарантираат целосна сигурност, опстанок и заштита на човековите права на Србите на Косово.
– Таков договор не е доврлив и нема да не донесе до конечно и одржливо решение“, изјави синоќа премиерот на Србија Ивица Дачиќ.