НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Србија-Хрватска: Без соочување со минатото нема иднина

0
By Светлана Јовановска on February 14, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Дводневната средба помеѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и неговата хрватска колешка Колинда Грабар-Китаровиќ во Загреб не го скрши мразот насобран по војната помеѓу двете земји. Но, самото одржување на средба на највисоко ниво е сепак добра вест. Од средбата стаса повик да се заборави минатото и да се гледа кон иднината.

Грабар-Китаровиќ и Вучиќ разговараа за мноштво значајни прашања помеѓу двете земји како судбината на исчезнатите лица, културното богатство во Југословенската војна, соработката при апсење на осомничени воени злосторници, малцинствата и нерешеното гранично прашање.

За хрватската јавност Вучиќ не беше добредојден во Загреб, а во Белград најблиските соработници на претседателот го советуваа да не заминува. Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ бараше со Вучиќ да се отвори прашањето за воената отштета но Грабар-Китаровиќ не ја исполни оваа желба на шефот на владата. За време на посетата во Загреб се одржаа повеќе протести против Вучиќ и помирувањето со Србија со барање Вучиќ да се извини за своите поранешни националистички изјави. Како таа во местото Глина во 1995 година кога тој изјави дека наскоро тоа ќе биде Голема Србија.

Вучиќ не се извини но во својот текст објавен денес на европскиот сајт “Политико” пишува:

“Како млад човек, тогаш не сфаќав што сѐ може да се постигне со соработка и покрај разликите. Но, сега знам дека мојата земја плати висока цена за националистичките ексцеси”, пишува Вучиќ.

Сепак, ќе треба многу повеќе политичка храброст и работа за вистинска нормализација на односите. Според српската новинарка Жарка Радоја од “Радио Слободна Европа”, добро е што посетата се одржа но секој ќе мора да се соочи со минатото за да може да се гради добрососедска иднина:

Жарка Радоја

“Не е чудно што политичар од деведесетите години и претставничка на партија од истиот период повикуваат да не гледаме кон минатото. Чуди тоа што се уште имаме јавност која верува дека без соочување со минатото можеме да се надеваме на било каква иднина”, заклучува Радоја.

Посета на Хрватска на српскиот претседател е секогаш добредојдена, особено во време за заладените односи, вели Радоја и додава:

“Кога ќе се земе во предвид фактот што тој претседател е поранешен радикал на Шешељ, кој во Хрватска престојувал во некои други, неприфатливи околности за кои се уште не сме чуле извинување и дека во време на неговото владеење односите меѓу двете земји се на ниско и под постојана тензија, тогаш е малку потешко да се зборува за позитивни ефекти”, вели таа за НОВА.

Соседската омраза е жива

И нејзиниот хрватски колега Ладислав Томичиќ од порталот “Лупига” во изјава за НОВА исто така не верува во вистински позитивни резултати од оваа средба ниту пак во искрените намери да се воспостави вистинско добрососедство:

Ладислав Томичиќ

“Српскиот претседател Вучиќ во Хрватска беше пречекан со помали протести на ветераните од последната војна, со телевизиски дебати на аналитичари што бараа извинување од Вучиќ, со барање за воена отштета и јавно одрекување на воените цели на политиките на Милошевиќ и Шешељ. Додека на политичките адреси со него се водени разговори што тешко можат да придонесат за подобри односи помеѓу Србија и Хрватска”, вели Томичиќ и додава дека политичарите всушност не сакаат добри односи помеѓу двете земји:

“Власта во Хрватска не сака развивање на односите со Србија а слична ситуација имаме и во Србија кога се работи за односите со Хрватска. Соседската омраза е жива со постојаното евоцирање на војната што е втемелено во политиките на српските и хрватските националисти а тоа се тие што ја имаат власта во Србија и Хрватска. До оваа средба немаше ни да дојде без притисокот на посредници и проамериканското крило на меѓународната заедница. Така нема да згрешам ако кажам дека ова се изнудени разговори и во такви околности тешко може да се дојде до промена на ставовите и подобри односи”, вели Томичиќ.

“Соседската омраза е жива со постојаното евоцирање на војната и тоа е втемелено во политиките на српските и хрватските националисти а тоа се тие што ја имаат власта во Србија и Хрватска.”

Според Радоја посетата била само протоколарна претстава:

“Ова беше протоколарна претстава – малку насмевки, малку ветувања, повик за заборав и поглед во иднината со што двете страни ги стегале палците зад грб посакувајќи ништо да не се промени. Имаме и протести па прорежимските таблоиди во Србија, на кои омилена тема им е загрозеноста на престедателот, ќе имаат што да пишуваат”, огорчено вели Радоја.

За неа најдобар одговор на оваа посета е новокомпонираната насловна страна на сатиричниот неделник “Ферал Трибун” на која на местото на Милошевиќ и Туѓман, во љубовничка прегратка се Колинда и Александар со наслов “Некоме рат, некоме брат”.

Личните интереси на Грабар-Китановиќ и на Вучиќ

За српскиот аналитичар Бошко Јакшиќ средбата е исто така резултат на политички калкулации, вели тој за ТВ Н1:

“Хрватската претседателка се доближува до центарот со амбицијата за реизбор и веќе гради такви позиции. Таа препозна што се случува во ЕУ која покажува дека поодлучно ќе реагира на национализми па така Грабар-Китаровиќ им го препушта национализмот на партијата ХДЗ и премиерот Пленовиќ. Целта на посетата за неа е од внатрешно-политички побуди.”

Што се однесува до Вучиќ, тој нема потреба да “расчистува терен” бидејќи тој е господат на теренот, вели Јакшиќ. Но, тој сака да се прикаже како миротворец на Балканот па така “дојде до коинциденција на личните интереси на српскиот претседател и хрватската претседателка во моментот кога многумина во Белград и Загреб се прашуваа за што ќе служи посетата”, вели Јакшиќ и додава дека сепак, факт е дека има средба што го отвора дијалогот а тоа во дипломатијата не треба да се потценува.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.