На денешната десетта рунда од разговорите меѓу делегациите на Белград и на Приштина во Брисел, како што соопшти посредникот, шефицата на европската дипломатија Кетрин Ештон, бил постигнат договор.
Таа им честиташе на двете делегации предводени од премиерите Ивица Дачиќ и Хашим Тачи за покажаната храброст, јавува Ројтерс.
Имено, заедницата на српските општини во Косово ќе има претседател, потпретседател и Совет, како и право да избира регионален командант на полицијата, но и локални команданти во четири општини на северот, како и на југот, односно секаде каде што според етничкиот состав Србите се мнозинство, јавуваат дел од српските медиуми.
Според Радио Телевизија Србија, прифатени се сите српски предлози.
Веста прва ја јави косовската министерка Влора Читаку, која на Твитер задоволно напиша: „Белиот чад излезе надвор. Среќа“!