На Јованка ќе ѝ биде исполнета желбата да биде погребена веднаш до Тито.
Одлуката сè уште не е донесена официјално, но Србите веруваат дека ќе најдат дупка во законот. На Јованка Броз ќе и биде исполнета желбата да биде погребена веднаш доТито.
Одлуката сè уште не е донесена официјално, но српскиот заменик-премиер, Расим Љајиќ, кој заедно со генералниот секретар на Владата, Вељко Одаловиќ е задолжен да изнајде правно решение, верува дека ќе се изнајде начин.
-Постојат одредени формални и технички прашања што во моментов се обидуваме да ги решиме. Верувам дека одлуката ќе биде донесена најдоцна до следната недела – вели Љајиќ.
Формалните проблеми со погребот на Јованка во Куќата на цвеќето се законски, со оглед на тоа што станува збор за објект што е дел од Музејот на историјата на Југославија, кој е основан во 1996 година со декрет на федералната влада. Самата зграда е мавзолеј, значи претседателска, а не семејна гробница, во која постои само едно гробно место.
иќ и други.Во српската влада, веруваат дека ќе најдат дупка во законот што ќе можат да ја искористат за Јованка Броз конечно да може повторно да биде со својот сопруг, од кого, како што се верува, била насилно разделена во 1977 година поради сплетките на најблиските Титови партиски и државни соработници, меѓу кои биле Стане Доланц, Никола Љубич
-Колку што можевме да видиме, никаде не постои изрична забрана таму да се погребе уште некој, па тоа може да се толкува така и да стане можно Јованка да ја погребеме во Куќата на цвеќето – вели за „Блиц“ извор од српската влада.
Ќе биде потребно и да се добие соодветна дозвола за едно лице да биде погребено надвор од гробишта. Јованка Броз и понатаму е на апарати за вештачко дишење и нејзината здравствена состојба е неизвесна.