Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Србија пред банкрот

0
By Нова ТВ on October 6, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Мерките за економско опоравување ќе бидат тешки, бидејќи Србија е пред банкрот, предупреди денес вицепремиерот на Србија, Александар Вучиќ.

Потпретседателот на Владата на Србија најави намалување на платите во јавниот сектор со што ќе се заштедат меѓу 200 и 230 милиони евра, а пензиите ќе се зголемат со претходно утврдена динамика.

„Капитализам не значи дека државата треба да бара работа, туку да не го спречи оној кој ќе ја најде. Не сакаме никому да сервираме, тоа е работа на поединецот, а наше е да не ја скратиме можноста да лебот биде на дофат“, изјави Вучиќ за Телевизија Прва.

Воедно тој вели дека пензиите во Србија нема да бидат намалени.

– Пензиите нема да ги намалуваме, но ќе има намалувања на платите во јавниот сектор. Приватниот сектор што ја влече државата напред не може тоа да го издржи. Неможно е во приватниот сектор просечната плата да биде 34.000 динари, а во државниот 47.000 динари. Тоа го нема во ниту една држава во светот, потенцираше потпретседателот на српската влада.

Вучиќ најави дека до крајот на годината во Србија ќе има милијарда долари од кредит од ОАЕ од кои 500 милиони ќе се потрошат за враќање долгови, а 500 милиони вложени во стопанството „со најголема контрола“.

Според Вучиќ, неговата држава е „пред банкрот, во вистинска смисла“ и најави дека мерките за економско опоравување ќе бидат тешки, а не популистички. Со тие мерки според него, ќе бидат погодени меѓу 300.000 и 500.000 луѓе.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

ВЕСТИ November 11, 2025

На само четири дена пред почетокот на судскиот процес, родителите на младите кои трагично ги…

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.