На студентските протести низ цела Србија, по професорите, ректоратите, средношколците, родители, наставници, адвокатите, денеска им се придружи и синдикатот на српското електростопанство.
Секојдневни протести веќе трет месец се одржуваат во сите српски градови против корупција, партиски узурпации на институциите и против тоталитарното владеење.
Студентите за утре во Србија закажаа Генерален штрајк, а за 27. јануари го најавуваат „клучниот ден“ против власта.
Иницијалниот повод за протестите е несреќата на новосадската железничка станица на 1. ноември минатата година кога под урнатините на бетонската настрешница на објектот животот го загубија 15 граѓани.