Српските власти денеска соопштија дека немаат намера да се откажат од изградба на својот дел од гасоводот Јужен поток, планиран за јули.
Оваа недела ЕУ побаа од Бугарија да ја прекине работата по проектот, a работите се толку вжештени што бугарските медиуми шпекулираат дека постои опасност да падне владата поради овој проект.
-Немаме план за одложување на изградбата, изјави министерот за енергетика на Србија, Александар Антиќ.
-Ставот на Србија не е конечен. Ние ќе го следиме развојот на ситуацијата и ќе одлучиме соодветно. Верувам дека Европската комисија и државите-членки ќе најдат решение бидејќи тоа е европски проект во интерес на енергетска сигурност, додаде Антиќ.