Српското Собрание вечерва го изгласа бриселскиот договор, кој е дел од извештајот на Владата за политичките и техничките преговори со Приштина.
Поддршката ја дадоа 17 пратеници на владејачкото мнозинство, но и опозиционите партии, додека против беа 24 пратеници на ДСС, како и поедни пратеници на други партии од Косово и Метохија, како и двајца независни пратеници. Еден пратеник беше воздржан, пет не гласаа.
Во владиниот извештај стои дека владата сите активности, вклучувајќи ги преговорите со Белград и Приштина ги извршувала со почитување на Уставот и со постојано информирање и консултирање на претставниците на органите на локалната самоуправа на Косово.