Министерството за земјоделство на Србија, поради сомневање дека содржи повисоко од дозволеното количество афлатоксин, задржа над 200 тони пченка.
Со оваа одлука забранети се 24 килограми корнфлекс, илјада килограми палента, 14 килограми смоки, 280 килограми пченкарно брашно и 806 килограми други производи од пченка кои немале документ дека не содржат афлатоксин.
Според Министерството за земјоделство, се дека додека не се обезбеди доказ дека пченката е безбедна и не ја содржи штетната материја афлатоксин, таа ќе остане да стои во магацините, по што ќе биде уништена.