Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сред метрополата, во 21 век се дават во кал

0
By Менче Атанасова Точи on October 8, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Во време кога во метроплотата никнуваат раскошни градби на само пет километри од центарот постои улица која со години стои неасфалтирана ,а граѓаните се дават во кал. Во улица „ПЕТ“ не влегуваат возилата за итна медицинска помош, таксистите, тука неможе да влезе ниту пожарникарско возило.

Иако платиле комуналии и сите други давачки кон општината Бутел, жителите на оваа населба сеуште чекаат општина да ја асфалтира улица. Ајла Саит има 32 години и поради неасфалтираната улица не е во можност да излезе надвор со нејзината инвалидска количка. Ајла е заробена во својот дом, неможе да оди на лекар, да се дружи со своите пријатели, да го види центарот на градот.

На оваа улица има уште четворица инвалиди и сите ја делат истата судбина со Ајла.

Жителите на улица „Пет“ велат дека кога ќе заврне дожд или снег, не се во можност да одат ниту до најблиската продавница. Летово избувнал пожар,а возилото одвај влегло од друга страна во последен момент, пред пламенот да ги зафати резервоарите со нафта.

Жителите на улицата велат дека се заложници на политиката. Наводно, еден од жителите на улицата, активен член на опозицијата е во лоши односи со градоначалникот Латиновски и сега велат дека од каприц не дозволува да се асфалтира улицата.

Од општината Бутел ги смируваат граѓаните. Велат дека иако буџетот е потрошен, нивната улица е ставена во план за асфалтирање. Се чекало само стручни лица да извршат проценка дали земјата е слегната по ставањето на фекалната канализација.

Жителите пак, стравуваат како ќе ја поминат и оваа зима во калта од која се гледаат и цевките од канализацијата кои се веќе оштетени од камионите кои го собираат сметот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Норвешкиот Нобелов институт ќе испитува дали имало протекување на информации во врска со името на овогодишниот добитник на Нобеловата награда за мир

October 11, 2025

Макрон повторно го назначи Лекорну за премиер на Франција

October 11, 2025

И студентите во блокадата и поддржувачите на владата организираат собири за поддршка на Србите во Косово

October 11, 2025

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025
ФОКУС

18 килограми злато или 1.8 милиони евра е пленот на вооружените разбојници од златарницата во Гостивар

ВЕСТИ October 11, 2025

Вредноста на украденото злато се проценува на околу 1,8 милиони евра.

84 години 11 октомври – Oдбележување на Денот на народното востание

October 11, 2025

Добитничката на Нобелова награда за мир Мачадо: Ја посветувам наградата на страдалниот народ и претседателот Трамп

October 10, 2025

По прекинот на огнот илјадници Палестинци се вратија во Газа

October 10, 2025
ТИКЕР

Норвешкиот Нобелов институт ќе испитува дали имало протекување на информации во врска со името на овогодишниот добитник на Нобеловата награда за мир

October 11, 2025

Макрон повторно го назначи Лекорну за премиер на Франција

October 11, 2025

И студентите во блокадата и поддржувачите на владата организираат собири за поддршка на Србите во Косово

October 11, 2025

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.