Денеска во Мала Речица, каде што се наоѓа седиштето на ДУИ ќе се одржи лидерска среба меѓу претседателите на СДСМ и ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети.
Според информациите на шефот на кабинетот на Ахмети, Артан Груби средбата на двајцата лидери најверојатно ќе биде во проширен состав со партиските функционери, истата била организирана на заедничка иницијатива.
Теми на сердбата ќе бидат актуелната политичката ситуација, евроатлантските интеграции, како и теми од заемен интерес.
Ова е прва средба на претседателот на СДСМ со лидерот на ДУИ од неговото поставување за прв човек на најголемата политичка опозициона партија.