Денеска во Брисел ќе се сретнат премиерите на Србија и на Косово, Ивица Дачиќ и Хашим Тачи, на покана од високата претставничка на ЕУ за надворешна политика Кетрин Ештон.
Целта на средбата, според српски дипломатски извори, е да се види дали има поместување во веќе изнесените ставови и да се подобри и прецизира понудата која претходно му била предочена на Белград, јавува Слободна Европа.
Во поканата, Ештон ги повикува премиерите да дојдат со конструктивен дух и подготвени да разгледаат различни опции и да се договорат за заемен компромис.
Ештон најави и дека денеска ќе биде дефинитивен крај на дијалогот без разлика на неговиот исход.
Поради одржувањето на оваа средба, Европската Комисија вчера ги одложи извештаите за напредокот на Србија и Косово кон ЕУ, па тие ќе бидат објавени денеска.