Средба на претседателот на СДСМ Зоран Заев со премиерот Никола Груевски, денеска во 14 часот ќе се одржи во зградата на Владата на РМ, потврдуваат за НОВА од кабинетот на Заев.
Тема на разговорите актуелната поличка ситуација во земјава, како необјавениот извештај на комисијата за настаните од 24 декември, минатата година, како и новата стратегија која премиерот Груевски ја најави викендов, без при тоа да ги прецизира чекорите кои ќе ги превземе ВМРО – ДПМНЕ за решавање на проблемот.
>>Груевски повторно бара од СДСМ деблокада на Комисијата
– Како партија нема да останеме неми набљудувачи на овие последици и доколку во наредните денови не се најде решение, ќе размислиме за нови чекори и нови стратегии кои ќе бидат сосема различно од она што е сега, рече Груевски во село Ростуше, каде што претходно отвори спортска сала.
Груевски пред новинарите не откри што подразбира под нови стратегии, различни од она што е сега.
Груевски истакна дека СДСМ мора да се ослободи од влијанието од предходниот претседател Бранко Црвенковски, кој откако си дојшол од годишен одмор предизвикал прекин на работата на ад-хок комисијата, смета премиерот.