Претседателот Ѓорге Иванов денеска во својот кабинет ќе го прими заменик помошникот државен секретар на САД, Филип Рикер, кој веќе втор ден престојува во посета на земјава.
Рикер вчера, придружуван од американскиот амбасадор Пол Волерс имаше средба со градоначалникот на Тетово, Теута Арифи.
На средбата, како што информира општина Тетово, се разговарало за политичките случувања, за регионалните процеси на соработка и интеграцијата на земјите од Западен Балкан во евро-атлантските структури и за подршката на САД за демократските процеси и сочувањето на мирот и стабилноста во регионот.