Амбасадорот Герт Аренс на средбата со првиот човек на ДИК Борис Кондарко се интересирал за невообичаениот број на приговори на ВМРО-ДПМНЕ и тоа токму за општините каде опозицијата води, што се толкува како силен притисок, дознава НОВА од извори блиски до разговорите.
Состанокот Кондарко-Аренс траела два и пол часови, зад затворени врати, а фокусот на разговорите биле токму овие приговори, за кои Аренс се интересирал, особено заради фактот што во записниците од избирачките списоци нема евидентирано никакви забелешки, ниту од страна на членовите на избирачките одбори, ниту пак од членовите на ВМРО како набљудувачи.