Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Средба Маричиќ – Рејндерс: Сите реформи ќе бидат реализирани во блиска координација со ЕУ

0
By Нова ТВ on October 27, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска преку видео-конференциска врска ја оствари првата официјална средба со еврокомесарот за правда Дидие Рејндерс, на која дискутирале за евроинтеграциите на Северна Македонија и реформите во областа на владеењето на правото и правосудството.

Како што соопштија од Министерството за правда, министерот Маричиќ истакнал дека покрај сите премрежија, очекува првата Меѓувладина конференција за официјален почеток на преговорите со ЕУ да се одржи до крајот на 2020 година, а дека тој процес значително ќе влијае на развојот на Северна Македонија и темпото на реформите во сите области.

Според министерот Маричиќ, позитивниот Извештај на Европската комисија, претставува силен аргумент и доволна причина зашто земјата треба да ги започне официјално преговорите до крајот на година под германското претседателство.

На состанокот, Маричиќ ја реафирмираше својата подготвеност и заложбата сите реформски процеси од Поглавјето 23: Правосудство и фундаментални права да се прават во блиска координација и партнерство со ЕУ и под лупата на Брисел, се наведува во соопштението.

Маричиќ информирал дека е започнат инклузивен процес на средби и интензивна комуникација со сите засегнати чинители од правосудството, како Судскиот совет, Советот на Јавни обвинители, судовите и обвинителствата, како и релевантните комори, се со цел координација и усогласување пред предвидените реформи во правосудството.

Маричиќ истакна дека во претстојниот период ќе се фокусира на реализирање на мандатната мисија и ќе иницира политики за зголемување на професионалните стандарди, одговорноста и транспарентност на судството и обвинителството, стои во соопштението од Министерството за правда.

Воедно, министерот Маричиќ информирал дека тој е силен поддржувач за зајакнување на финансиската независност и капацитетите на судството и обвинителството и дека очекува значително зголемување на нивниот буџет, со што ќе се создадат подобри услови за поефикасна и поефективна борба против организираниот криминал и корупцијата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025
ФОКУС

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

ВЕСТИ October 7, 2025

Весниотк „Израел Хајом“  објави документ од 21 кој страница открива детален план за воспоставување меѓународна…

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025

Трамп: САД ќе продаваат ракети „Томахавк“ на НАТО – дел ќе завршат во Украина

October 7, 2025

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

October 6, 2025
ТИКЕР

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.