Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска во Лондон се сретна со премиерот на Обединетото Кралство, Кир Страмер.
Во рамките на посетата на Самитот за Западен Балкан, остварив средба со британскиот премиер, г. Кир Стармер. На средбата разговаравме за продлабочување на билатералната соработка и поддршката на Обединетото Кралство на земјите од регионот. Главата цел е Берлинскиот процес, односно средбите на највисоко ниво кои се одржуваат во текот на денот. Берлинскиот процес го организира лично премиерот Кир Стармер и сериозно сме посветени на реализација на Договорот Влада со Влада, објави Мицкоски на својот фејсбук профил по тет-а-тет средбата со Стармер.
Во рамките на престојот во Лондон, премиерот Христијан Мицкоски претходно имаше средба и со британскиот крал Чарлс III.
Разговаравме за пријателството помеѓу Македонија и Обединетото Кралство, за стабилноста, развојот и заштитата на природата, области на кои Кралот со години им посветува големо внимание. Оваа средба е признание и почит, но и поттик да продолжиме по патот на заедничките вредности, довербата и партнерството, напиша Мицкоски на ФБ.
Во владината делегација што ја предводи премиерот Мицкоски во британската престолнина се и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, министерката за финансии Гордана Кочоска Димитриеска и министерот за евроинтеграција Орхан Муртезани.