Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Средба на лидерите со Хан: Четири часа преговори во Пржино

0
By Влатко Чаловски on January 15, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Повеќе од четири часа трае средбата на лидерите на четирите најголеми политички партии Груевски, Заев, Ахмети и Тачи со еврокомесарот Јоханес Хан во Пржино. На средбата присутни се евроамбасадорот Аиво Орав, амбасадорот на САД во земјaва -Џес Бејли како и белгискиот посредник во преговорите на работните групи на партиите, Питер Ван Хауте.

Се очекува потписниците на Договорот од Пржино да соопштат и финална одлука за датумот на избори, кој според Договорот би требало да се случат на 24. април.

Како што е веќе познато, премиерот Никола Груевски својата оставка ја денеска ја депонираше во Собранието со услов „сто дена пред избори“, а според извори на НОВА од преговорите до неговиот став избори да има на 24. април се држат и лидерите на албанските партии – Ахмети и Тачи. Тие сметаат дека има доволно време за создавање на фер услови за демократски избори во април.

За разлика од нив, како што неколку пати напомена Зоран Заев смета дека императив на Договорот од Пржино и понатаму остануваат точките за прочистување на Избирачкиот список и слободата за медиумите.

Се уште е неизвесно колку време ќе трае заедничката средба.

На средбата Заев присуствува со неговите сопартијци Радмила Шеќеринска, Петре Шилегов, Дамјан Манчевски, Рената Дескоска и Цветанка Ивановска.

Од владејачката партија присутни во Пржино се Зоран Ставрески, Никола Тодоров, Никола Попоски, Илија Димовски и Мартин Протоѓер.

Инаку, денешната посета на Хан во Скопје започна со поединечни средби со лидерите уште од изутринава.Тој напрво одржа средба со лидерот на СДСМ, потоа со премиерот во заминување Никола Груевски, по што следуваа одвоени средби и со Ахмети, а потоа и Тачи. Пред средбите Хан кусо изјави дека очекува оти ова ќе биде добар ден.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.