НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Средба Петровска – Гранд во Брисел: С. Македонија ќе се позиционира како регионален центар за обука на пилоти

0
By Sashko on June 15, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска, во седиштето на НАТО во Брисел, имаше средба со помошникот генерален секретар за инвестиции во одбраната, Камил Гранд со кого разговараше за унапредување на капацитетите и вмрежувањето на Центарот за обука на пилоти со останатите капацитети за обука на пилоти во Европа и тоа во рамки на иницијативата за создавање на НАТО структура за летачка обука во Европа.

„Северна Македонија има интерес и амбиција да продолжи да го развива Центарот за обука на пилоти кој поседува уникатни капацитети и кој може да даде сериозен придонес во развојот на летачката обука во Европа“, рекла министерката на состанокот.

Петровска, како што информираат од МО, порачала дека Центарот досега имал видливи и значајни резултати – продуцирал 27 пилоти на хеликоптери за потребите на Северна Македонија и Црна Гора, а на напредните хеликоптерски симулатори за типот Ми-17 и Ми-24 тренирале неколку стотици пилоти од Северна Македонија, Хрватска, Полска, Босна и Херцеговина, Нигерија и Камерун.

Помошникот генерален секретар Гранд укажал на големата потреба од летачка обука во Европа и порачал дека Центарот за обука на пилоти во Северна Македонија има капацитет да биде еден од стожерите на летачката обука на континентот.

„Северна Македонија е една од десетте сојузници во НАТО кои во 2021 година ја лансираа иницијативата за создавање на НАТО структура за летачка обука во Европа. Целта на оваа иницијатива е да се воспостави мрежа на Центри за обука на пилоти кои ќе ги исполнат побарувањата на европските сојузници за пилотска обука, а воедно и преку меѓусебна соработка и координација ќе се влијае на намалување на трошоците за производство на пилоти“, се вели во денешното соопштение од МО.

Членки на оваа иницијатива се Северна Македонија, Белгија, Чешка, Грција, Унгарија, Италија, Црна Гора, Романија, Шпанија и Турција.

Во текот на денешниот ден, во седиштето на Алијансата министерката Петровска заедно со секретарот за одбрана на САД, Лојд Остин и министрите за одбрана на сојузничките земји учествувала на состанокот на Контакт групата за Украина, на кој била реафирмирана поддршката за територијалниот интегритет и суверенитет на Украина и била потврдена заложбата на НАТО за поддршка на украинските граѓани и на земјата во одбрана од неоправданата руска агресија.

Министерката Петровска учествувала и на работната вечера на министрите за одбрана на НАТО и на Шведска, Финска, ЕУ, Украина и Грузија, на која ги поздрави апликациите на Шведска и Финска за членство во Алијансата и укажа на потребата од постојана координација со Европската Унија и партнерите во зацврстувањето на безбедноста на евроатлантската област.

Во Брисел, Петровска се сретнала и со нејзиниот романски колега, Василе Динку на која му се заблагодарила за романската поддршка во борбата со огнените стихии во Северна Македонија минатото лето и порачала дека земјата е посветена на континуираниот развој на билатералната одбранбена соработка.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ураганот „Ерин“ достигна четврта категорија, предупредувања за источниот брег на САД

August 18, 2025

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.