Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Средба со добитници на најзначајни книжевни награди

0
By Нова ТВ on April 8, 2014 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во организација на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје, на 9-ти април 2014 г. (среда), во 11 часот, во Промотивниот центар на Саемот на книгата, ќе се одржи ексклузивниот книжевен настан „Средба со наградени автори – добитници на најзначајните книжевни награди во Република Македонија“.

Книжевната средба е дел од програмата на Националната библиотека на Република Македонија за претставување и поширока афирмација на врвните достигнувања во македонската книжевност.

Присутните ќе ги поздрави директорот на Националната и универзитетска библиотека, д-р Иван К. Заров, а модератор ќе биде писателот Блаже Миневски. На книжевната средба е предвидено да учествуваат авторите Владимир Плавевски (Роман на годината), Ристо Ѓ. Јачев („Браќа Миладиновци“), Илхами Емин (Рациново признание), Братислав Ташковски („Ацо Шопов“), Владимир Мартиновски („Димитар Митрев“), Сашо Тасевски („Најчитан автор“) и Александар Кујунџиски („Ванчо Николески“), кои ќе прочитаат извадоци од наградените дела.

Организаторот информира дека писателот Венко Андоновски, добитник на наградата „Стале Попов“, нема да биде во можност да присуствува на средбата заради престој во Русија, каде ќе му биде врачена меѓународната награда „Југра“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.