Повеќе од шест часа траат разговорите на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан со лидерите не четирите најголеми партии во земјавата, во резиденцијата на евроамбасадорот во земјава.
На средбата присутни се евроамбасадорот Аиво Орав, амбасадорот на САД во земјaва -Џес Бејли, како и белгискиот посредник во преговорите на работните групи на партиите, Питер Ван Хауте.
Се очекува потписниците на Договорот од Пржино да соопштат и финална одлука за датумот на избори, кој според Договорот би требало да се случат на 24. април.
Засега нема никакви најави кога таа би можела да заврши. Поради временските услови, дождот и ниските температури, новинарите исходот од преговорите го чекаат во посебна просторија, со греење.
Пред заедничката средба, Хан имаше одвоени средби со Заев, Груевски, АХмети и Тачи.