Лошата состојба со слободата на медиумите, како и проблемот со непрестано поткопување на демократијата во земјава, беше една од темите на средбата на претседателот на СДСМ, Зоран Заев со специјалниот претставник на Германија, Ернст Рејчел.
На средбата станало збор и за лошата економска состојба во земјава и финансиските предизвици со кои секојдневно се соочуваат македонските граѓани.
Специјалниот претставник на Германија, Рејчел, ја изразил својата поддршка за евроатлантските интегративни процеси на Македонија.
Претседателот Заев и делегацијата на СДСМ изразија особено задоволство за остварување на денешната средба и се заложија за продлабочување на соработката во периодот кој следи.