Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Среќна Кинеска Нова Година

0
By Биљана Секуловска on February 13, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Колку да е смешно и забавно, секако дека е тажно што вакцините никако да пристигнат во земјава, па самиот Заев сега ја најави Кинеската Нова Година како крај на нашата агонија, откако Вучиќ и целата таа бурлеска од најавени данајски подароци во вид на вакцини- не пристигнаа на Табановце, заради несредена документација, којзнае зошто и којзнае како.

Но, вакцините секако дека  ја покажуваат и темната страна на политиката. Лошите проценки на ЕУ за количеството на производство и достапноста, дистрибуцијата на вакцините, доведоа до тешки зборови и обвинувања во лидерскиот европски камп, високи тонови кои заглушуваат.

Но и заглупуваат, затоа што, видете го оној научен стручен конзилиум на Фејсбук, сите оние нобеловци кои со денови и недели и месеци крекаат, врескаат и маршираат , мавтаат со нивното сеопшто знаење и експертиза за сите нус појави, препорачани дози и несакани ефекти.

Се ќе дознаете и ќе се катапултирате директно во нобеловиот клуб ако ги одберете фејсбук патеките: за кинескиот мртов вирус според општиот консензус важи ставот дека е најдобар и затоа е и одобрен од ова високоумно царство. Да, сепак е најефикасна и најбезбедна таа вакцина, не е вештачко производство, важно клима фејсбук трустот на мозоци, кој притоа крши прсти што мора да се наведне главата над кинеското производство на самиот вирус, да се подголтне и занемари фактот што кинеските власти со месеци не дозволуваа влез во Вухан и во лабораторијата, но што е тоа сега важно, кинеските вакцини имаат големи шанси да не спасат од овој смртоносен поод на вирусот.

Па, одиме понатаму- потоа се прави вивисекција на руската вакина која предизвикува вистинска, драматична агонија- месец дена или 40 можеби, не смее да се пие алкохол, да се пуши, да се јаде масно, ако се сака да се преживее после убодот на кој е горд Путин.

Веднаш потоа, следуваат научни конференции на фејсбук мудреците, на тема- западните достигнувања на вакцините на Фајзер, Модерна и Астра Зенека- оние со алергии која од нив треба да избегнуваат, старосната граница како да се запази, дали се вештачка творба или природно чудо овие вакцини, се можете да дознаете и да се едуцирате од фејсбук научните великани.

Но, дали знаете, пришепнуваат тие, дека Куба има создадено вакцина, која како и лекот за ракот се чува во тајност- и двата лека вредат само 5 пари, а можеби и ништо, но западните политички сотони од типот на Гејтс, Сорос и масонските крвопијци кои чипираат, не дозволуваат пристап на излекување на човештвото.

И затоа сите овие фејсбук магови му се смеат и го исмеваат Заев затоа што од петни жили се обидува да објасни дека руските и кинеските вакцини не беа пожелни пред некоја недела во западното друштво на НАТО и ЕУ, за подоцна политичките интереси да сфатат дека мора да преовлада борбата за здравје и живот, како што и сама призна претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен.

Политиката не е игра за слабаци, но ниту за преценети суетни величини, тоа единствено мора да им се признае на прваците од фејсбук научниот клуб, тој престижен харвардски ѓаволски круг, во чиј вртлог кога еднаш ќе се влезе, никогаш повеќе не може да се избавите.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.