„Ние без култура не можеме да живееме. Може да живееме без БИТЕФ, без ФЕСТ, без музички училишта…но, културата е нешто повеќе, тоа е кислород што ни е потребен за да преживееме“, порачаа стотиците културни работници и уметници во Белград на трибина за културните политики.
Српските уметници, културните работници, но и дел од опозиционите политичари, меѓу кои познатата актерка Мирјана Карановиќ, професорката Милена Драгичевиќ Шешиќ, Чедомир Јовановиќ, лидерот на ЛДП, соочени со дезориентираноста и проблемите во културата повикаа на здружување и солидарност.
На оваа трибина беше прикажан краткиот анимиран филм „Културко“ на авторите Стеван Филиповиќ и Милена Богавац, кој претставува сатиричен приказ за проблемите на култрните работници во обид да издејствуваат поддршка на надлежните за своите проекти.