Српската министерка за екологија Зорана Михајловиќ одбила да ја прими фирмата „Про-Пласт“ која фрлила токсичен отпад на границата на Македонија со Србија, се додека не заврши истрагата.
Во Србија се води голема истрага за случајот- постои сомнеж дека фирмата кој требала да го транспортира во Кина токсичниот отпад, го фрлила во некоја од соседните земји, а четири шлепери наводно завршиле на територија меѓу Србија и Македонија.
Од македонското министерство за екологија велат дека будно ја следат состојбата и дека се во комуникација со српките власти, но велат дека детали околу истрагата од таму сеуште не соопштуваат.
Фирмата„ Про-Пласт“ од Сремска Митровица во декември минатата година добила забрана за транспорт на токсичен отпад. Оваа информација до македонското Министерството за екологија стигнала од српското ресорно министерство од каде информирале дека оваа фирма воопшто нема дозвола за траспорт на ваков вид отпад.