НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ССМ го продолжи со штрајкот за линеарно покачување на платите за 2.806 денари пред Министерството за финансии

0
By Sashko on June 24, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерството за финансии е локацијата на која денеска е штрајкот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), каде повторно беше испорачано барањето за линеарно зголемување на платите за 2.806 денари за секој вработен во јавниот сектор и истото да се вметне преку амандман или преку Општиот колективен договор.

Претседателот на ССМ, Дарко Димовски испрати апел до министерот за финансии, Фатмир Бесими да го прифати барањето, бидејќи, како што посочи, истото е издржано согласно покачувањето на цените на храната, нафтените деривати, електрична енергија.

„Денеска сме пред Министерството за финансии, каде бараме од целото Министерство вклучително и од службите да го вметнат нашето барање за линеарно зголемување од 2.806 денари за секој работник, сакаат преку амандманот поднесен од ССМ во Собранието на Македонија, сакаат преку Општиот колективен договор за јавниот сектор, бидејќи гледаме и денеска се состанува РКЕ за да ја покачи струјата од 1 јули. Затоа, ова што го зборуваме денеска навистина е неопходно. Апелираме до министерот за финансии да го прифати нашето барање“, изјави Димовски.

За време на штрајкот денеска се појавија и неколку пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, СПМ и Беса, кои дадоа поддршка на барањето на ССМ и посочија дека во рамки на Комисиската расправа за ребалансот на Буџетот, на крајот како комисиски предложен амандман ќе гласаат. Пратениците испратија повик до СДСМ и до ДУИ да гласаат за овој закон, или дури и самите да го предложат како амандман со цел да се излезе во пресрет на работникот.  

„На десеттиот ден од амандманската расправа ние повторно ќе поднесеме комисиски амандман. Ја користиме секоја прилика, секој работен ден да ги убедиме пратениците од мнозинството кои го создаваат во Комисијата дека треба да го поддржат овој амандман и апелирам до пратениците да уште еднаш направат елаборација на сопствениот став да го променат и на 10-иот ден од амандманската расправа да го прифатат комисискиот амандман“, изјави пратеникот Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ.

Според пратеникот Љупчо Димовски од СПМ, 2.806 денари во овие кризни ситуации имаат драгоцена вредност за секој работник кој е исцрпен и доведен е на раб на гола егзистенција.

„Станува збор за две суштински работи. Прво, станува збор за почитување на Законот за минимални плати и неговото усогласување со споменатите 2.806 денари за коишто Владата има обврска да ги реализира. Втората работа е човечката димензија затоа што во вакви кризни ситуации тие 2.806 денари се драгоцена вредност за секој работник којшто е и онака до крајност финансиски изнемоштен, исцрпен и на работ на голата егзистенција“, изјави Димовски.

Пратеникот Фадил Зендели од БЕСА изјави оти смета дека власта од ветувања треба да премине во конкретни акции за решавање на проблемите што ги имаат вработените затоа што, како што рече, станува збор за минимални барања.

„Економската ситуација се влошува секој ден. Не дека со тие 2.806 денари ќе се решат проблемите на нашите семејства, но секако ќе биде по благонаклоно кон секојдневното живеење и секојдневниот стандард на нашите граѓани“, изјави Зендели.

ССМ најави дека штрајкот продолжува, а во понеделник органите на Синдикатот ќе одлучат кои ќе бидат дополнителни активности.

Во меѓувреме останува онаа одлука дека вработените во јавниот сектор ќе бидат на своите работни места но нема да извршуваат работни задачи, освен 10 проценти од вработените кои ќе бидат на располагање за потребите на граѓаните.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ураганот „Ерин“ достигна четврта категорија, предупредувања за источниот брег на САД

August 18, 2025

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.