Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ССМ поднесе тужба против Владата

0
By Sashko on September 2, 2022 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), како репрезентативен синдикат на национално ниво и во приватниот и во јавниот сектор, поднесе тужба од јавен интерес против Владата на Република Северна Македонија поради тоа што со нејзино постапување, односно непостапување се дискриминирани голем број на вработени во јавниот сектор.

„Владата не постапи во целост согласно Закон за измени и дополнување на Законот за минимална плата објавен во Сл. весник бр. 41 /2022година со кој е утврдена висина на минимална плата во износ од 18.000 денари во нето износ, што претставува зголемување од 18,4 проценти во однос на вредноста на предходната минимална плата. Согласно член 8 од Законот за минимална плата потребно беше да се усогласат платите на сите вработени со порастот на минималната плата“, се појаснува во денешното соопштение од ССМ.

Платите на другите вработени кои имаат плата под минималната, за дел вработени се усогласени со порастот на минималната плата, а без оправдани причини и спротивно на закон, се посочува во соопштението, Владата не го направи тоа за сите вработени во јавниот сектор, односно паушално и без критериуми платите некаде не се зголемуват воопшто, а некаде се зголемуваат за одредени категории на вработени наспроти други категории на вработени во јавниот сектор за кои Владата е непосреден работодавач.

„Постапувајќи на овој начин Владата го наруши принципот на еднаквост на граѓаните и работниците кој е уреден во член 9 од Уставот на Република Северна Македонија во однос на остварување на нивните права и обврски кои произлегуваат од работниот однос. Токму почитувањето на принципот на еднаквост и недискриминација при остварување на работничките права како најзначаен дел од граѓанските права претставуваат показател дали една држава е демократски ориентирана и искажува еднаква грижа без дискриминација кон сите свои граѓани и работници“, подвлекуваат од ССМ.

Правото на „достоинствена заработувачка, односно заработувачка што обезбедува пристоен животен стандард”, потенцираат од ССМ, е право гарантирано со меѓународните инструменти за човекови права (чл.7 од Меѓународниот пакт за економски, социјални и културни права на ООН; Дел 1, точка 4 од Европската социјална повелба), вклучувајќи ги и меѓународните стандарди на трудот (првенствено Конвенциите и Препораките на МОТ). Правото на „соодветна заработувачка”, се наведува во соопштението, е и уставно загарантирано право во РС Македонија, утврдено во чл.32, став 3 од Уставот на Република Северна Македонија . Од 2012 година, ова право, се стекнува со дополнителна поткрепа, преку усвојувањето на Законот за минималната плата.

Неусогласувањето на колективните договори со Законот за минимална плата, односно одбивањето на Владата да се вклучи во суштествен социјален дијалог за зголемување на останатите плати пропорционално со зголемувањето на минималната плата, информираат од ССМ, е причина и за генерален штрајк во цел јавен сектор кој веќе трет месец трае онаму каде што не се усогласени платите на вработените и за прв пат во историјата на македонската држава се случува генерален штрајк во цел сектор кој трае толку долго, а една Влада одбива да разговара со претставниците на работниците.

„Владата добро знае дека е должна да постапи и да го примени член 8 од Законот за минимална плата и да ги зголеми платите за износот утврден во последното зголемување на минималната плата за сите вработени во јавниот сектор без дискриминација. Дотолку повеќе што во приватниот сектор особено каде што ССМ има синдикати, приватните работодавачи постапувајќи по законот ги усогласија колективните договори и ги зголемија платите на своите вработени, а истото го сторија и општините, градот Скопје и јавните претпријатија основани од општините и Градот Скопје, а останаа уште оние работници за кои е надлежна Владата како вработените во дел во министерствата и јавните претпријатија за кои е основач Владата“, стои во соопштението.

Како што се посочува во соопштението од ССМ, произлегува дека без постоење на реални и оправдани причини, Република Северна Македонија, Владата на Република Северна Македонија постапи спротивно на Уставот на Република Северна Македонија во кои е уредена обврската за почитување на правото , законите и целосно функционирање на правната држава, односно Република Северна Македонија, Владата на Република Северна Македонија не постапи согласно Законот за минимална плата, другите закони и владеењето на правото и не обезбеди зголемување на платите на сите вработени во јавниот сектор туку тоа го направи само за еден дел од вработените во јавниот сектор во државата.

„На овој начин Владата на Република Северна Македонија како тужена во постапката го повреди правото на еднаков третман и со пропуштање на дејствија и нивно непреземање го повреди правото на еднаквост со што прави дискриминација кон своите вработени. Дополнително, со поднесувањето на оваа тужба, ССМ ќе ги искористи и сите други достапни механизми и ќе поднесе соодветни тужби и пријави пред меѓународните институции за што веќе добиваме помош и поддршка од Европската конфедерација на синдикатите“, најавија од ССМ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Полицијата го евакуира центарот на Братислава поради бомба од Втората светска војна

September 9, 2025

Атина 48 часа без такси превоз поради штрајк на синдикатот на такси превозници

September 9, 2025

Август 2025 е третиот најтопол месец во светот досега

September 9, 2025

Бројот на барања за азил во ЕУ драстично опадна во првата половина од годината

September 8, 2025

Илјадници работници во лондонското метро започнаа штрајк поради платите и условите за работа

September 7, 2025
ФОКУС

Рубио: САД ги предупредуваат другите земји дека признавањето на Палестина ќе предизвика повеќе проблеми

ВЕСТИ September 5, 2025

Американскиот државен секретар Марко Рубио денес за време на посетата на Еквадор изјави дека САД…

Варшава: Русија ноќеска изврши бран напади на западот на Украина, Полска крена воени авиони

September 3, 2025

Евробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ 

September 2, 2025

Кос: На земјите кандидати им требаат лидери кои се подготвени да спроведат реформи, но и да решат билатерални прашања

September 1, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Полицијата го евакуира центарот на Братислава поради бомба од Втората светска војна

September 9, 2025

Атина 48 часа без такси превоз поради штрајк на синдикатот на такси превозници

September 9, 2025

Август 2025 е третиот најтопол месец во светот досега

September 9, 2025

Бројот на барања за азил во ЕУ драстично опадна во првата половина од годината

September 8, 2025

Илјадници работници во лондонското метро започнаа штрајк поради платите и условите за работа

September 7, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.