Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ССМ: Предлогот за минимална плата го темелевме на стручни анализи, работодавачите нема да бидат оштетени

0
By НОВА ТВ Balaban on February 8, 2022 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Се постигна успех којшто ќе биде пример и за други европски земји поради тоа што висината на минималната плата од 62 проценти е највисокиот износ на минимална плата и за европски услови во споредба со просечната плата, велат од ССМ

Сојузот на синдикатите на Македонија денеска, преку писмено соопштение,  изрази задоволство од постигнатиот договор за минималната плата со кој  минималната плата од март се зголемува на 18.000 денари. Од Синдикатот се надеваат дека ова ќе придонесе и за скалесто зголемување на сите останати плати.

– Сојузот на синдикатите на Македонија го темелеше својот предлог на стручни економски анализи, а воедно беше покажана огромна одлучност од нашето членство и на тој начин се постигна успех којшто ќе биде пример и за други европски земји поради тоа што висината на минималната плата од 62 проценти е највисокиот износ на минимална плата и за европски услови во споредба со просечната плата, се вели во соопштението.

Од ССМ нагласуваат дека имале поддршка и од останатите синдикати, како и од некои политички партии и пратеници кои, согласно нивните деловнички можности, поднеле предлог-измени за минималната плата во Собранието.

– Владата на Република Северна Македонија предводена од СДСМ и коалицијата за цело време на траење на процесот на социјалниот дијалог покажаа дека ги препознаваат аргументите и анализите на ССМ за зголемување на минималната плата и останатите плати и застана рамо до рамо со работниците за нивните егзистенцијални потреби особено во оваа ковид, економска и енергетска кризна година, велат од ССМ.

Оттаму посочуваат дека работодавачите нема да бидат оштетени со зголемувањето на минималната плата, туку, напротив, ќе се зголеми продуктивноста на трудот, а со тоа ќе се зголеми и производството во компаниите.

– Работодавачите се наш социјален партнер и досега проблемите сме ги разрешувале по пат на социјален дијалог, а со покачувањето на минималната плата нема да бидат оштетени, напротив научните истражувања покажуваат дека со покачувањето на минималната плата ќе дојде до зголемување на продуктивноста на трудот, а со тоа и зголемување на производството во компаниите, нешто на што заеднички ќе работиме, а на тој начин ќе се создадат балансирани односи помеѓу трудот и капиталот што е неопходен услов за развој на економијата и општеството, се вели во соопштението од ССМ.

Минималната плата Сојузот на синдикатите на Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.