НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ССМ протестираше пред МТСП, министерката Тренчевска ги повика на средба

0
By Sashko on June 28, 2022 ПОЛИТИКА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска протестираше пред Министерството за труд и социјална политика, каде изрази незадоволство од законските измени кои предвидуваат недела да биде работен ден во туристичките места и потсети на барањето за линеарно покачување на платите за работниците од јавниот сектор за 2.806 денари.

„Се обраќаме до министерката да ги земе работите во свои раце. Нас ни требаат фамилиите, нас ни треба одмор. И ние работниците сме од крв и месо и сакаме и ние да го уживаме тоа право. Ова докажува дека 2.806 денари во моментот поради зголемената ангажираност кој го овозможува овој Закон за трговија се неопходни сега веднаш, затоа министерке ви се обраќаме на вас уште утре во Владата да го поддржите предлогот за линеарно зголемување за сите работници како и враќање на изгубеното право регрес во јавниот сектор, порача претседателот на ССМ, Дарко Димовски.

Се повика на Законот за туризам, порачувајќи дека мора да се има предвид дека постојат ограничувања каде смее да се работи и во секторот туризам.

-Во Законот има поделба, се дели на езерски, планински, рурален и алтернативен туризам, Скопје како туристичка дестинација, стари чаршии и туристички атракции. Мора да знаеме дека не можат да работат сите, туку напротив, во него убаво пишува, тие кои ќе сакаат да не ангажираат, да си го прочитаат Законот за туризам и да знаат дека има ограничувања каде смее да се работи, изјави Димовски.

Пред Министерството излезе и министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, со цел да ја изрази отвореноста за остварување средба со Сојузот на синдикати на Македонија.

Таа потенцира дека цврсто стои зад правата на работниците и квалитетот на живот на сите работници.

-Ветувам дека како Министерство и како Влада цврсто стоиме зад социјалниот дијалог, најдобрите решенија треба да ги донесеме низ дијалог заедно со синдикатите бидејќи тоа е единствениот начин на кој треба да се бориме за правата на работниците. Ветивме дека ќе има подобрување на работничките права, ветивме дека ќе го започнеме социјалниот дијалог за носење на нов општ колективен договор и дека еднаш засегокаш ќе воспоставиме систем кој ќе гарантира постојан раст на платите на работниците во јавниот сектор. Ќе има општ колектривен договор кој ќе  дава дополнителни права на работниците во јавниот сектор, меѓутоа не ад хок решенија кои не се системски решенија и не придонесуваат кон подобрување на правата на работниците, рече Тренчевска.

Додаде дека социјалниот дијалог ќе продолжи, и ги повика синдикалните претставници на средба.

-Ќе продолжиме заедно со вицепремиерот Битиќи и со министерите вклучени во социјалниот дијалог, и ќе продолжиме понатаму се додека не дојдеме до заедничко решение, појасни министерката.

Истакна дека нејзина цел е воспоставување систем на плати кој ќе гарантира постојано зголемување на платите на работниците во јавниот сектор.

-Ад хок решенија, популистички мерки, не носат трајно решавање на проблемот. Како министерка за труд и социјална политика сум насочена на систем кој ќе функционира и нема да зависи ниту од волјата на ниту еден систем или Владата, туку ќе биде воспоставен систем кој ќе дава трајно решавање на проблемот со платите во јавниот сектор. Само така можеме да зборуваме за вистинска посветеност на работниците, се друго е популистичко решение кое само во моментот ќе даде решение, подвлече Тренчевска.

Димовски од друга страна и порача на министерката дека моменталните плати со кои како што рече „не се преживува“ не се решение во никој случај.

– Моментално решение со овие плати со кои не можеме да преживееме немаме. Затоа барам да не разбере министерката дека овие плати во моментот не ни се решение и не можеме да чекаме. Нас ни беше ветено 2 806 денари како едно, еве нека биде и ад хок решение, кое во моментот ќе ги амортизира овие ценовни шокови и оваа двоцифрена инфлација. Спремни сме за реформи, спремни сме за нова методологија, но платите мора да пораснат за 2 806 денари во износ, бидејќи времето не е на наша страна, ама не е ни на страна на Владата, бидејќи во септември согласно Законот за минимална плата треба истите да пораснат за 18,4 проценти, рече Димовски.

Оцени дека решението на нивните барањата може да се постигне многу лесно и тоа само со еден потпис.

-Ако е спремна Владата и не поддржува министерката како што вели за едно трајно решение, значи кажете ни во септември ќе ги покачиме платите согласно законот за 18,4 отсто за ние да знаеме како и што да правиме до септември и ќе им бидеме благодарни за тоа покачување од 18,4 проценти согласно законот. Доколку тоа го нема, решение немаме во моментот и бараме 2 806 денари, бараме враќање на регрес за јавниот сектор од 30 до 100 проценти од просечната плата и потпишување на општиот колективен договор. Проблемите се тие, се решаваат буквално за една минута со ставање на потпис мој и на министерката за труд и социјална политика, заклучи Димовски.

Министерката изрази надеж дека до септември ќе се изнајде заедничко решение со Синдикатот.

-Се надевам дека до септември ќе изнајдеме решение, ќе потпишеме општ колективен договор и ќе започнеме со процесот за подготовка на плата и нема да има потреба за вакви чекори од страна на Синдикатот. Меѓутоа, треба да го погледнеме и добро и Синдикатот и останатите, да ја погледнеме законската регулатива што вели во однос на Законот за минимална плата и усогласувањето на останатите плати, изјави министерката Тренчевска.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025

Дачиќ по синоќешните протести во Србија: Повреден жандарм, уапсени 18 лица, воспоставен ред и мир

August 17, 2025
ФОКУС

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

ВЕСТИ August 17, 2025

Најмалку 21 лице денеска беше убиено од израелски оган додека се обидувале да добијат помош…

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Гоцевски: АРСМ – перманентен стабилизатор на независноста и суверенитетот на македонската држава

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.