Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ССНМ: Дебата за законот за медиуми никогаш немало

0
By Нова ТВ on August 12, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници на Македонија одбива да учествува во, за утре закажаната, јавна расправа за Нацрт-работните верзии на Законот за медиуми и на Законот за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги во организација на Министерството за информатичко општество и администрација.

Овој став на ССНМ е првенствено принципиелен и се однесува на нетранспарентноста во создавањето на текстовите на работните верзии на овие законски акти.

>>Влада со нови амандмани за законите за медиуми

Без намера да се мешаме во ингеренциите на Владата на Република Македонија, можеме да констатираме дека медиумската заедница не е консултирана дали воопшто е неопходно да се носат вакви законски акти или не. Нивната изработка се одвиваше далеку од очите на медиумските професионалци и уште подалеку од јавноста, па уште при првите напомени дека се подготвуваат законски решенија во овие области, Синдикатот предупреди дека нема да има квалитетен закон без учество на релевантните фактори од медиумскиот простор.

За жал, добронамерните предупредувања не беа сфатени сериозно. ССНМ, сепак, внимателно го следеше овој процес, а преку свои претставници учествуваше и на неколку дебати околу решенијата на Законот за медиуми, при што повторно го искажа своето незадоволство од начинот на кој се донесуваат вакви законски акти, а се разбира и од решенијата во самиот нацрт-текст.

Мораме со жалење да констатираме дека учеството на претставниците на ССНМ не се користеше за конструктивна расправа, туку повеќе како алиби за наводна транспарентност на овој процес и како наводен доказ за демократскиот капацитет при донесувањето на законите што ја засегаат медиумската заедница.

ССНМ бараше и бара претставниците на медиумската заедница да бидат прашани за потребата на донесување на вакви закони, како и да учествуваат во нивното создавање од самиот почеток, а не да служат како „демократски“ декор и алиби на владеачката гарнитура, која, очигледно, сака да го уреди медиумскиот простор според своите желби и потреби.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

ВЕСТИ November 8, 2025

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за…

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.