Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Стандард и Пурс“: Севкупниот пораст на депозитната база во 2020 година ја потврдува задржаната доверба

0
By Нова ТВ on February 20, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во рамките на извештајот со којшто агенцијата „Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на нашата земја на „ББ-“, со стабилен изглед, од Агенцијата се осврнуваат и на монетарната политика, стабилноста на девизниот курс на денарот, нивото на девизните резерви и на состојбите во банкарскиот систем, соопшти Народната банка.

Изнесувајќи ги своите согледувања за монетарната политика и мерките на Народната банка во текот на корона-кризата, од „Стандард и Пурс“ заклучуваат дека олабавената монетарна политика обезбеди поддршка на економијата. Во врска со девизниот курс на денарот во однос на еврото, во рамките на извештајот се посочени согледувањата и оцените на Агенцијата за задржувањето на неговата стабилност. Имајќи предвид дека краткорочните капитални текови не се застапени, според оцените на Агенцијата, тоа значително ги намалува ризиците за македонската економија. Воедно, во извештајот истакнуваат дека нивото на девизните резерви е соодветно и дека на крајот на 2020 година е повисоко во споредба со крајот на 2019 година, што е значајно за стабилноста на домашната валута. Исто така, според оцените на „Стандард и Пурс“, она што е значајно за стабилноста на домашната валута е и одлуката на Европската централна банка за овозможување пристап на Народната банка до девизна ликвидност во евра преку репо-линија, во износ до 400 милиони евра, доколку има потреба од тоа.

„Банкарскиот систем е стабилен“ – истакнуваат од „Стандард и Пурс“, посебно нагласувајќи го ниското ниво на нефункционалните кредити. Притоа, во извештајот, од Агенцијата се осврнуваат и на укинувањето на дозволата за основање и работење на „Еуростандард банка“, при што напоменуваат дека тоа нема влијание врз стабилноста на банкарскиот систем. „Стандард и Пурс“ во извештајот заклучува дека севкупниот пораст на депозитната база во 2020 година ја потврдува задржаната доверба. Притоа, ја нагласуваат важноста на задржувањето на довербата.

Според оцените на Агенцијата, македонската економија има капацитет и простор за соодветно надминување на периодот на неизвесноста предизвикана од пандемијата. Презентирајќи ги своите проекции и видувања за македонската економија, од „Стандард и Пурс“ посочуваат дека евроинтеграцискиот процес може значително да придонесе за јакнење на институционалниот потенцијал и за спроведувањето на структурните реформи, што може да биде основа за подобрување на кредитната оцена на земјата од страна на Агенцијата во наредниот период, се вели во соопштението на Народната банка.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

ВЕСТИ November 8, 2025

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за…

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.