Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стапи во сила примирјето меѓу Израел и Хамас

0
By НОВА ТВ on May 21, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Примирјето меѓу Израел и палестински Хамас во појасот Газа стапи во сила рано утрово во 2.00 часот по локално време.

Со тоа заврши единаесетдневниот вооружен судир во кој беа убиени повеќе од 240 лица, од кои повеќето во Газа, јави Би-Би-Си.

Палестинците излегоа на улиците во Газа непосредно по почетокот на примирјето, додека Хамас предупреди дека „прстите им се сè уште на чкрапалото“.

И Израел и Хамас прогласија победа.

За прекинот на огнот се огласи и американскиот претседател Џо Бајден, кој рече дека тоа е „одлична можност“ за напредок.

Израел вчера нападна објекти на Хамас во северна Газа повеќе од 100 пати, а палестинските сили возвратија со ракети.

Израелскиот политичко-безбедносен кабинет соопшти дека ја прифаќа препораката да се запрат вооружените судири.

– Политичките власти потенцираат дека ситуацијата на теренот ќе одлучи дали ќе има продолжување на конфликтот или не, додаде тој.

Израелскиот министер за одбрана Бени Ганц преку Твитер порача дека офанзивата врз Газа донесе „невидени воени придобивки“.

Лидер на Хамас за светските агенции изјави дека примирјето што го најави Израел претставува „победа“ за палестинскиот народ и пораз на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Примирјето стапи во сила утрово во 2.00 часот по локално време, по што многу Палестинци излегоа на улиците во Газа, прославувајќи го крајот на конфликтот движејќи се во колони автомобили.

Од звучниците на џамиите можеше да се слушне дека тоа е „победа на отпорот постигнат над окупацијата за време на битката „Ерусалимски меч“.

Сепак, Басем Наим, од советот за меѓународни односи на Хамас, за Би-Би-Си изјави дека е скептичен во однос на должината на траењето на примирјето.

– Без правда за Палестинците, без запирање на израелската агресија и израелските злосторства врз нашиот народ во Ерусалим, примирјето ќе биде слабо, рече Наим.

Вооружениот конфликт почна пред 12 дена, по неколкудневни немири во источен Ерусалим и на Ридот на храмовите каде беше првото место на конфликтот меѓу Израелците и Палестинците.

Израел смета дека му припаѓа и окупираниот источен дел на Ерусалим, каде што живеат Палестинци, кои го сметаат за главен град на нивната идна држава.

Судирите во тој дел од градот почнаа поради најавата дека некои палестински семејства ќе бидат иселени од нивните домови во тој дел на градот и ќе се населат Израелци.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.