Новата зграда на Македонскиот народен театар ќе биде предадена во употреба во петок, но, првата театарска претстава ќе се изведе во септември, веќе е познато дека тоа ќе биде „Вечна куќа“ од Јордан Плевнеш, која ќе ја режира Дејан Пројковски, а во која најверојатно ќе игра целиот ансмбл на МНТ. Првичната идеја театарот да биде отворен на 27 Март – Светскиот ден на театарот, се одложи зашто беше распишан дополнителен тендер за партерот
За отворањето во петок се подготвува музејска театарска поставка, што ќе првиот театарски музеј во земјава.
„Плакати, монографии, документи, лични предмети, реквизити ќе сведочат за богатата театарска меморија на оваа земја“, вели театрологот Јелена Лужина.
За барокната орнаментика на театарот бил задолжен тим од десетина уметници и историчари на уметноста предводени од Елизабета Димитрова од Факултетот за историја на уметноста.
Во театарот има и 46 скулптури. Големата сцена има 724 седишта, а малата – 215.
Според податоците од Бирото за јавни набавки, театарот чини 39 милиони евра. Од кои за скулптури на фасадата и партерот се потрошени речиси 580 илиади евра.
За завесата во овој театар се потрошени 582 илјади евра.
За ентериерот, позлатените орнаменти и и осветлувањето се потрошени 11, 5 милиони евра.

