Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Старт на 38-от Млад отворен театар

0
By Нова ТВ on September 19, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Под мотото „Театар на црвената линија“, од 19 до 26 септември, 38 – от МОТ ќе биде домаќин на 300 гости, а скопската публика ќе одгледа 15 претстави, од 8 различни земји

Со кореографската претстава Тоа што телото на го памети во режија и кореографија на Вим Вандекејбус утревечер 19.09.2013 (четврток) година, во 20:00ч, во Македонската опера и балет (МОБ) се отвара 38-то издание на Млад отворен театар (МОТ 2013). Станува збор за една од најзначајните претстави на белигиската театарската група „ Ултима вез“ оригинално направена во 1987 година и премиерно изведена во Њујорк. Она според кое таа се издвојува е авторската музика на композиторите Тиери де Меј и Питер Вермерш како и кореографијата на Вандекејбус. Поради специфичноста на изразот, критиката на Њујорк Тајмс и Гардијан ја оценуваат претставата како исклучително иновативна и значајна и таа станува огромна сензација која ги поместува границите на театарската уметност на меѓународно ниво.

После исклучително големото внимание и позитивните реакции кои ги предизвика кај публиката во рамките на МОТ 2004 и 2005 година, со претставите Руменило и Исчистени, Вим Вандекејбус по трет пат учествува на фестивалот, овој пат настапувајќи со по 25 години обновената Тоа што телото не го памети.

Отворањето на МОТ 2013 ја има и својата прва театарска премиера во 22:30ч, во Младинскиот културен центар (МКЦ), каде ќе биде изведена претставата Носталгиумот на еден перфориран копиљ (Пу за мене, пу за сите) во режија на Јане Спасиќ што воедно претставува и негова магистарска претстава на постдипломските студии на Факултетот за драмски уметности, Скопје, во класата на проф. Слободан Унковски.

Претставата ја гради млада група на театарџии и три деца кои преку експериментален процес се обидуваат да ги согледаат проблемите на убивањето на „детето во себе“. Учесниците во процесот длабоко нурнуваат во своите сеќавања од детството, сликите на носталгија како и нивното пропаѓање и се обидуваат да состават еден вид хибрид на драмско-перформативна претставата која ќе го покаже влијанието на системот во процесот на созревањето на индивидуата.

„Процесот на создавање на индивудуата не може да се развива и не може да се разгледува оградена од општеството, а ниту оградена од своите потреби. Разните општествени процеси во критичните животни периоди директно влијаеле врз нејзиниот социјален развој. Приказните за „детето во себе“ на целата екипа се еднакво присутни во претставата исто како и приказните на многу млади од Македонија кои се обидовме да ги вметнеме и од нив да створиме универзални приказни за соочувањето на „детето во себе“ при притисокот на општеството и заедницата – вели режисерот Јане Спасиќ.

По премиерата на Спасиќ, отворањето на МОТ ќе се заокружи со концерт на бендот „Летечки пекинезери“ на платото пред МКЦ.

Во рамките на МОТ 2013, од 19 до 26 септември 2013 година во Скопје, ќе се одиграат 15 претстави од кои 9 странски и 6 домашни. Во меѓународниот дел од програмата учество ќе земат претстави од: Белгија, Италија, Турција, Србија, Хрватска и Словенија, во рамките на македонската програма ќе настапат Народниот театар од Битола, Театарот од Куманово и независниот алтернативен театар Вондерленд како и студентите од Факултетот за драмски уметности и Академијата ЕСРА, а ќе следи и втора премиера наМалечката во режија на Сема Али Ерол на 24.09.2013.

Годинешната програма е репрезент на она што е најактуелно и најдобро на регионалната, но и на светската театарска сцена, постојано „натпреварувајќи се“ програмски со регионалните фестивали.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025
ФОКУС

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

ВЕСТИ November 3, 2025

Пред утрешното објавување на пакетот извештаи за проширувањето на ЕУ, сите пофалби ќе одат за…

Оставката на Ана Чупеска

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Локални избори 2025: Почна гласањето за вториот круг

November 2, 2025
ТИКЕР

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.