Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стартува пријавувањето за вакцини против Ковид-19

0
By Нова ТВ on February 10, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Интернет страницата vakcinacija.mk преку која граѓаните ќе можат да се пријават за вакцинација против Ковид-19, треба да профункционира од денеска.

-Секој сам ќе може да се пријави, а системот ќе биде тој кој ќе генерира кои се приоритетни, информираше вчера министерот за здравство Венко Филипче.

Освен по електронски пат со регистрација на интернет-страницата за вакцинација, пријавувањето за вакцини ќе се врши и преку матичните лекари преку системот „Мој термин“.

Утврдено е како ќе се спроведува процесот на вакцинација против Ковид-19. Капацитетот за вакцинирање изнесува по 880 лица дневно во сите поликлиники во Здравствениот дом во Скопје и дополнителни близу 500 во пунктот во Клиничкиот центар во Скопје. Вакцинацијата ќе почне со здравствените работници и со лица над 70 години.

– Засега се пријавени четири илјади работници, од коишто околу две илјади се во Скопје, останатите се во другите градови. Таму вакцинацијата ќе се спроведува во пунктови по примерот на вакцинацијата за сезонски грип, така што еве сега во првиот момент кога вакцините ќе стигнат може и практично да започне процесот на вакцинација, нагласи Филипче.

Во согласност со капацитетот на здравствениот кадар, во некои поликлиники и здравствени домови ќе има по повеќе вакцинални пунктови кои ќе работат во две смени за да може да се имунизираат поголем број  граѓани.

– Конкретно, конкретен пример, поликлиниката „Јане Сандански“, две смени во три пункта, што значи дека 240 луѓе на ден ќе може да се вакцинираат согласно физичките параметри на просторот – влез, излез, немешање, еден одреден период од 10-15 минути коишто после вакцинација граѓаните треба да почекаат заради евентуална појава на алергиска реакција, што е вообичаена постапка при вакцинација, се прави тој распоред, додаде Филипче.

Директор на Здравствен дом Скопје, Виктор Исјановски вчера посочи дека направиле план во соработка со Министерството, со Комисијата и со Комитетот за имунизација.

– Како што спомна министерот, во трите поголеми поликлиники „Букурешт“, „Јане Сандански“ и „Чаир“ работното време ќе биде од 8 до 20 часот. Во останатите четири клиники ќе работат во попладневните часови со боксови, со капацитетите коишто располагаме и мислам дека 22 позиции се доволни во овој момент да опфатиме се, додаде Исјановски.

До крајот на февруари во државава се очекува да пристигнат 200.000  вакцини од кинескиот производител „Синофарм“. Во март се очекуваат вакцините на „АстраЗенека“ согласно КОВАКС механизмот. Премиерот Зоран Заев завчера најави дека следната недела можно е да пристигнат и вакцини од „Фајзер“.

Додека се чекаат првите вакцини против Ковид-19, во државата состојбата со коронавирусот и натаму се стабилизира. Вчера од направени 2863 тестирања, беа регистрирани 476 нови случаи. Починаа девет лица, а 407 пациенти беа регистрирани како оздравени.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 95.347, на оздравени 85.846, а на починати 2.955. Активни се 6.546 случаи, најмногу во Скопје – 3256, по што следат Охрид – 368, Кавадарци – 360, Куманово – 255, Тетово – 235, Делчево – 202. Во другите градови има под 200 активни случаи.

На инфективните оддели во земјава се лекуваат 591 пациент со Ковид-19, од кои во болниците низ државата 326, а во главниот град 265. Во ковид-центрите има околу 490 празни болнички кревети. Во Скопје околу 90 слободни болнички легла.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 69 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 90 пациенти, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 32 пациенти, на ГАК три пациентки. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Завчера лабораторијата на МАНУ утврди присуство на мутираниот сој од Велика Британија на Ковид-19 кај 45 пациенти.

Надлежните од Центарот за јавно здравје предупредуваат дека наредниов период очекуваат зголемување на бројот на нови случаи на британскиот сој, бидејќи тој многу побрзо се шири, односно е позаразен во однос на претходниот.

Министерството за здравство смета дека засега нема индикација дека треба да има заострување на мерките по појавата на британскиот сој кај нас, но се следи состојбата и се прават интензивни анализи на типот на вирусот.

Досега во светот се заразија над 107 милиони жители, 2,3 милиони починаа, а оздравеа 79 милиони.

Првите случаи на коронавирус беа регистрирани во декември 2019 година во Вухан, а епидемијата потоа се прошири во целиот свет.

Истражителите на СЗО, кои од пред извесно време во Вухан, и кинеските експерти вчера соопшти дека животното од кое потекнува коронавирусот не е пронајдено и оти нема индиции дека бил присутен во кинескиот град Вухан многу порано пред да биде откриен.

Преносот од животното е веројатен, но „сè уште не е идентификувано“, изјави шефот на делегацијата кинески научници, Лианг Ваниан.

– Нема доволно докази за да се утврди дека САРС-КоВ-2 се проширил во Вухан пред декември 2019 година, рече Лианг.

Шефот на делегацијата на СЗО, Питер Бен Ембарек, пак изјави дека пренесувањето на коронавирус од првото животно, а потоа и од второ животно како посредник пред да се прошири на луѓето, е „најверојатната“ хипотеза.

-Сепак, тоа бара „поконкретно и насочено истражување“, рече тој.

Ембарек исто така оцени дека хипотезата оти коронавирусот „избегал“ од лабораторија е „крајно неверојатна“.

-Исклучително неверојатно е коронавирусот да почнал по инцидент во лабораторија во Кина, изјавија вчера истражители на Светската здравствена организација, кои веќе неколку дена се обидуваат да го расветлат потеклото на коронавирусот во Кина.

Истражувачите веруваат дека најверојатната причина за првичното избувнување на инфекцијата од коронавирусот е „скокање на вирусот“ од животно врз човек.

Ова значи дека идните истраги нема да се фокусираат на лабораториски инцидент како можна причина за појавата на инфекцијата со коронавирусот.

Научниците откриле и дека коронавирусот циркулирал во региони надвор од Вухан пред првиот пријавен случај на инфекција.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
ФОКУС

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

ВЕСТИ November 9, 2025

Граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“ соопшти дека е извршена втора распределба од средствата од заедничката сметка…

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.