Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стартуваа ЗОИ 2014 во Сочи, Македонија со тројца претставници

0
By Нова ТВ on February 7, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Рускиот град на брегот на Црно море, Сочи и официјално oд денеска е домаќин на 22-те Зимски олимписки игри, воедно најскапите во историјата.

За изградбата на салите и арените руските власти вложија околу 50 милијарди долари, што е четири пати повеќе од планираните 12.

За безбедноста, на копно се грижат повеќе од 40 илјади полицајци и војници, а низ целиот град има распоредено камери кои ги надгледуваат околу 50.000 припадници на специјалното обезбедување, се поради закани од тероризам.

>> Претседателот Иванов не полета за Сочи – се расипал владиниот авион

„Русија се подготвуваше за овој момент седум години. Ова стана голем национален проект“, изјави Путин.

Отворањето на игрите го следат 44 светски лидери, но не и влијателните Обама, Меркел, Оланд.

„Овој бојкот е бесмислен. Сите почнаа да бројат колкумина нема да дојдат, за да направат да се чувствуваме помалку удобно. Поканите ги испрати Меѓународниот олимписки комитет, така што тие што не дојдоа го бојкотираат него“, изјава Сергеј Лавров, министер за надворешни работи на Русија.

Олимпијадата во Сочи некои ја најавија како Путинов триумф, додека новинарските прилози ги прикажаа проблемите како корупција, непочитување на човековите права, уништување на животната средина и хомофобијата.

>> Сочи 2014: Протести за геј правата- таргет се руските Игри

ЗОИ 2014 во Сочи ќе бидат запаметени по патувањето на олимпискиот факел кој Русите го однесоа дури во вселената и на северниот пол. Вупно штафетата патуваше 123 дена и измина над 65.000 километри.

Македонија на игрите во Сочи ќе биде преставувана од тројца натпреварувачи, и тоа нордиецот Дарко Дамјановски, Антонио Ристовски кој ќе настапи во слалом и велесламом и Марија Коларовска во нордиско трчање.

>> Олимпискиот факел го помина патот долг 65.000 километри и пристигна во Сочи

На 22-те Зимски олимписки игри ќе учествуваат околу 2500 спортисти од 88 држави, кои ќе се натпреваруваат во 15 спортови.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
ФОКУС

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

ВЕСТИ November 7, 2025

Швајцарскиот гигант „Ганвор Груп“ ја повлече понудата од 22 милијарди долари за меѓународниот бизнис на…

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.