Според податоците на Државниот завод за статистика, во I тримесечје од 2013 година активното население во Република Македонија брои 953 780 лица од кои вработени се 668 957, а 284 823 лица се невработени.
Стапката на активност во овој период е 57,0, стапката на вработеност е 40,0, додека стапката на невработеност е 29,9 проценти.
Во истиот период минатата година стапката на невработеност, според податоците на Статистика била 31,6 проценти.