Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ставот на Париз и Хаг не е нов, други членки на ЕУ со поинаков став

1
By Нова ТВ on May 26, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Документот – „нон пејпрот“ што беше објавен денес во медиумите, во кој се вели дека Европската унија треба за следната пролет да го одложи почетокот на преговорите за членство со Македонија и Албанија, не е изненадување во Брисел.

Дипломатски извори во Советот, каде се преговара и подготвува претстојниот Самит на ЕУ во јуни на кој ќе се одлучува за преговори со Македонија, за МИА велат дека ова е веќе позната позиција на Холандија и Франција и не претставува ништо ново. Во ЕУ има и други земји членки кои имаат поинаков став за Македонија.

– Ние сепак сметаме дека преговорите со Македонија треба да се спроведат доколку се реши спорот за името, така што овој документ не не’ загрижува многу, изјави дипломатски извор од западна земја членка на ЕУ за МИА.

Холандија и посебно Франција се познати по отпорот на нивната јавност кон проширувањето на ЕУ. За преговорите со Македонија, министрите за надворешни работи, амбасадорите, и шефовите на држави и влади на ЕУ ќе дебатираат во текот на овој месец. Клучен услов за старт на преговори е да се пронајде компромис за името со Грција.

Во „нон пејпрот“ пишува:

„За ПЈРМ, и покрај вистинските промени во општата атмосфера во земјата, извештајот не покажува јасен суштински напредок во спроведувањето на Итните реформски приоритети. Имплементацијата на новите судски реформи е штотуку започната и треба долгорочен напредок и континуирана промена во однесувањето. Неопходни се повеќе напори за да се обезбеди регрутација врз основа на заслуги и деполитицизација на јавната администрација (заробена држава). Борбата против корупцијата и организираниот криминал се уште не дале задоволувачки резултати: и покрај поставената правна и институционалната рамка, корупцијата преовладува во многу области и продолжува да биде сериозен проблем, додека пак капацитетот на институциите за ефективно да се справат со корупцијата има покажано структурни и оперативни недостатоци, меѓу кои е и политичкото мешање“, и се повикува тоа да се земе предвид, пред да се донесат какви било одлуки во врска со проширувањето.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.