Делегација предводена од вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески престојува во Велика Британија, каде ќе ги презентираат поволностите за инвестирање во Македонија, јавува Макфакс.
Во делегацијата, покрај Ставрески, се и министерот за привлекување странски инвестиции Веле Самак и директорот на агенцијата за привлекување на странски инвестиции Висар Фида.
Предвидено е презентации да се одржат пред бизнис заедниците во Ливерпул, Лидс, Шефилд и Лондон.
На британските бизнисмени ќе им биде презентирана климата за водење бизнис во Македонија и поволната даночна политика со најниски даночни стапки во Европа.