Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ставриќ: Власта сака да влезе во Синдикатот и да стави свој човек за претседател

0
By Менче Атанасова Точи on April 11, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Власта сака да влезе во Синдикатот и да постави свој човек за претседател кој ќе го води во наредните четири години, велат за НОВА во синдикатот на скопските клиники. Во синдикатот велат дека на клиниките веќе се лобира за абдоменалниот хирург Горан Беговиќ, преку кој партијата на власт се обидува да изврши влијание во оваа организација која минатата година штрајкуваше цели 52 дена.

Превирањата во синдикатот започнаа откако очниот хирург Дејан Ставриќ си даде отказ на оваа функција бидејќи замина да работи во приватна болница. Извори од синдикатот за НОВА велат дека веќе се подготвува предвремен Конгрес за избор на нов претседател, кој ќе с е одржи неколку месеци порано, а наводно се спрема и седница на Совет, за која никој не знае кога точно ќе се одржи.

За да ги провери информациите НОВА го контактираше хирургот Беговиќ, но тој само кратко прокоментира:

-Јас сум само член на Советот и не знам ништо, прашајте го претседателот на Советот, изјави кратко Беговиќ.

Доктор Беговиќ беше еден од лекарите кои штрајкуваа до крај, секој ден барајќи од министерот Тодоров поголеми плати и корекција на проектот „ Работа по учинок“ .

-Се уште не се знае ништо, не сме одлучиле кога точно ќе биде Конгресот, но веројатно ќе се одржи 1 до 2 месеци порано. Што ве чуди, промени мора да има, да се смени и статутот кој треба да се усогласи со законите. Но, прв човек мора да се избере бидејќи синдикатот не може да функционира без претседател, изјави за НОВА Ангелко Саздовски, претседател на Советот на синдикатот.

НОВА телефонски го контактираше досегашниот претседател Дејан Ставриќ, кој ви моментот е надвор од државата. Тој ги потврди информациите за превирањата и лобирањата за новиот кандидат за претседател на синдикатот.

-Точно е тоа што се случува во синдикатот. Очигледно на партијата на власт и се брза за да влезе во синдикатот преку него. Тој човек покажа партиско влијание иако беше дел од штрајкувачите, изјави за НОВА, Ставриќ.

Тој нагласи дека морал да даде отказ на функцијата претседател на синдикатот, но ингеренциите ги префрлил на претседателот и заменик претседателот на Советот за да може непречено да функционира синдикатот

-Ја си дадов отказ од функцијата бидејќи не е во ред да бидам претседател кога сум во друга работна организација. Но, сметам дека многу други членови од внатрешноста кои беа меѓу штрајкувачите се позаслужни и треба да се кандидираат за ова место отколку од овој кандидат за кого се лобира во моментот, рече Ставриќ.

Синдикатот на Клиничкиот блок има 3800 членови не само од скопските клиники туку од здравствените установи од цела Македонија. Иако не успеа до крај да ги реализира барањата, синдикатот изврши силно влијание преку штрајкот, а штрајкувачкиот одбор и организаторите станаа трн во око на актуелната власт.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Макрон повторно го назначи Лекорну за премиер на Франција

October 11, 2025

И студентите во блокадата и поддржувачите на владата организираат собири за поддршка на Србите во Косово

October 11, 2025

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025

Во еден ден втор силен земјотрес на Филипините – првиот однесе пет животи

October 10, 2025
ФОКУС

18 килограми злато или 1.8 милиони евра е пленот на вооружените разбојници од златарницата во Гостивар

ВЕСТИ October 11, 2025

Вредноста на украденото злато се проценува на околу 1,8 милиони евра.

84 години 11 октомври – Oдбележување на Денот на народното востание

October 11, 2025

Добитничката на Нобелова награда за мир Мачадо: Ја посветувам наградата на страдалниот народ и претседателот Трамп

October 10, 2025

По прекинот на огнот илјадници Палестинци се вратија во Газа

October 10, 2025
ТИКЕР

Макрон повторно го назначи Лекорну за премиер на Франција

October 11, 2025

И студентите во блокадата и поддржувачите на владата организираат собири за поддршка на Србите во Косово

October 11, 2025

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025

Во еден ден втор силен земјотрес на Филипините – првиот однесе пет животи

October 10, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.