Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ставриќ во затвор- синдикалците со песна го славеа изборот на новиот лидер

0
By Менче Атанасова Точи on May 29, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Фотографија и видео: Фокус

Апсењето на Дејан Ставриќ не ги поколеба неговите соборци, во петокот на само еден ден пред судењето да го прослават изборот на новиот синдикален лидер Горан Беговиќ. Изборот на единствениот кандидат кој го замени Ставриќ бил во хотелот „Полин“ во Дојран. Околу 3000 евра биле платени од сметката на Синдикатот за престојот на сите 120 кандидати кои присуствувале на Конгресот, потврди за НОВА новиот претседател Беговиќ.

Членовите во Дојран пристигнале со автобуси, а во хотелот имале обезбедено спиење со појадок. Беговиќ рече дека почнале со ручек и завршиле со ручек во Етно село. Таму го прославиле изборот на новиот претседател, а се забавувале со песните на Адријана Алачки. Претходно имале туристичка посета и на манастирот Лесново.

-Хотелот во Дојран ни даде попуст од 20 проценти. Можам да кажам дека штедевме годинава, потрошивме најмалку што можевме, за разлика од претходните години кога се трошеле по 7-8 илјади евра, а се останувало цел викенд, изјави за НОВА Беговиќ.


Конгресот се најавуваше со недели претходно, откако Ставриќ си замина од лидерското место и замина да работи во приватна болница. Но, не се кажуваше точниот датум кога ќе се одржи со образложение дека ниту во Синдикатот не знаат кога ќе се одржи. Извори за НОВА велат дека на членовите за одржувањето на Конгресот им било кажано два дена порано, односно во средата. Неофицијално, некои од членовите на Советот не сакале да присуствуваат, а некои наводно не биле поканети.

Гласањето пак, било јавно, со кревање рака, а биле присутни нешто повеќе од 40 делегати, потврди Беговиќ.

Што се однесува до апсењето на нивниот колега и доскорешен лидер, во Синдикатот велат дека застануваат зад Ставриќ со финансиска, морална и правна помош доколку е потребно.

-Апсолутно сум против апсењето кое беше изведено спектакуларно и на тој начин пренесено во медиумите. Во останатиот, судскиот дел не можам да се мешам. Но, ние му даваме целосна подршка на Ставриќ како наш колега и поранешен лидер на Синдикатот на клиниките, изјави Беговиќ.

Вчера, познатиот очен хирург Дејан Ставриќ беше пуштен во домашен притвор. Тој во понеделникот на 26 мај беше осуден на една година затвор и прогласен за виновен за сторено кривично дело примање на награда за противзаконито влијание. Стариоќ на судењето рече дека ова е мнотиран процес и најави борба во своја одбрана преку судскиот систем, а доколу треба и во странство.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Макрон повторно го назначи Лекорну за премиер на Франција

October 11, 2025

И студентите во блокадата и поддржувачите на владата организираат собири за поддршка на Србите во Косово

October 11, 2025

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025

Во еден ден втор силен земјотрес на Филипините – првиот однесе пет животи

October 10, 2025
ФОКУС

84 години 11 октомври – Oдбележување на Денот на народното востание

ВЕСТИ October 11, 2025

Во земјава денеска се одбележуваат 84 години од почетокот на народното востание кое почна во…

Добитничката на Нобелова награда за мир Мачадо: Ја посветувам наградата на страдалниот народ и претседателот Трамп

October 10, 2025

По прекинот на огнот илјадници Палестинци се вратија во Газа

October 10, 2025

Марија Корина Мачадо добитничка на Нобеловата награда за мир за 2025 година

October 10, 2025
ТИКЕР

Макрон повторно го назначи Лекорну за премиер на Франција

October 11, 2025

И студентите во блокадата и поддржувачите на владата организираат собири за поддршка на Србите во Косово

October 11, 2025

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025

Во еден ден втор силен земјотрес на Филипините – првиот однесе пет животи

October 10, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.